ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/10 стр. 32
  • Исполнето пророштво

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исполнето пророштво
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/10 стр. 32

Исполнето пророштво

КОГА учениците го прашале Исус Христос за знакот на неговото невидливо присуство во царска моќ, Исус прорекол дека „беззаконијата ќе се умножат“ (Матеј 24:3, 12). Се исполнува ли ова пророштво во наше време?

Навистина, да! Во книгата Обединетите нации и спречување на криминалот (The United Nations and Crime Prevention), објавена од ООН во октомври 1991, се наведува: „Тешкиот криминал е исклучително опак проблем за повеќето нации во светот. Самите нации повеќе не можат да го контролираат криминалот во своите земји, а транснационалниот криминал далеку го надминал сегашниот дофат на меѓународната заедница. . . . Криминалот што го вршат организирани криминални групи се проширил до алармантни размери, со особено сериозни последици како што се физичко насилство, заплашување и подмитување на јавните службеници. Поради тероризмот страдаат десетици илјади невини жртви. Разбојничката трговија со наркотици станала трагедија од светски размери. Безобѕирното уништување на околината кое е на ниво на криминал попримило таков алармантен облик и димензии што се признава дека претставува вид на криминал против самиот свет“.

Напади: Од 150 напади на 100.000 луѓе во 1970, пораст на близу 400 на 100.000 во 1990.

Кражби: Од нешто повеќе од 1.000 на 100.000 луѓе во 1970, пораст на 3.500 на 100.000 во 1990.

Убиства со умисла: Во земјите во развој помеѓу 1975 и 1985 се зголемија од 1 на 2,5 на 100.000 луѓе. Во развиените земји порастот во истиот период бил од помалку од 3 на преку 3,5.

Криминал поврзан со дрога: Книгата забележува: „Врвот на трговските мафии во паричните способности и во наоружувањето дословно може да ги надмине владите на малите нации, а досега биле во состојба да ги оневозможат забраните и напорите на криминалистичките служби на индустријализираните земји“.

Општ пораст на криминалот: Се очекува двојно да се зголеми од 4.000 на 100.000 луѓе во 1985 на 8.000 до 2000 година.

Сеопштиот пораст на криминалот е само едно обележје на Исусовото пророштво кое укажува дека живееме во „свршетокот на светот“ (Матеј 24:3). Исус рекол: „Кога ќе видите дека станува ова, знајте оти се приближи царството Божјо“ (Лука 21:31).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели