ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • pe погл. 3 стр. 25-33
  • Сѐ зависи од твојата религија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сѐ зависи од твојата религија
  • Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПОСТОИ ЛИ ДЕНЕС ЛАЖНА РЕЛИГИЈА?
  • ОБОЖАВАЊЕ КОЕ БОГ ГО ОДОБРУВА
  • ИСКРЕНОСТА САМА ПО СЕБЕ НЕ Е ДОВОЛНА
  • БЕЗУСЛОВНО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ВРШИ БОЖЈАТА ВОЛЈА
  • Религија што ја одобрува Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Дали сите религии се различни патишта што водат до Бог?
    Разбудете се! 2001
  • Дали Бог ги прифаќа сите религии?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Дали која и да било религија е доволно добра?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
pe погл. 3 стр. 25-33

3. поглавје

Сѐ зависи од твојата религија

1. Какво мислење имаат некои за религиите?

”СИТЕ РЕЛИГИИ се добри“, велат многу луѓе. ”Тоа се само различни патишта кои водат до иста цел.“ Ако е така, тогаш не би било важно на која религија ѝ припаѓаш, зашто сите религии би биле прифатливи од Бог. Но, дали се прифатливи?

2. (а) Како фарисеите постапувале со Исус? (б) Кого фарисеите го означиле за свој татко?

2 Кога Исус живеел на Земјата, постоела религиозна група позната како фарисеи. Тие изградиле религиозен систем и верувале дека Бог го одобрува. Но, истовремено, фарисеите сакале да го убијат Исус! Затоа Исус им рекол: ”Вие ги вршите делата на вашиот татко.“ На тоа тие му одговориле: ”Ние имаме еден Татко, Бог“ (Јован 8:41, NW).

3. Што рекол Исус за таткото на фарисеите?

3 Дали Бог навистина бил нивни татко? Дали Бог го признал нивниот начин на обожавање? Не! Иако фарисеите го имале Светото писмо и мислеле дека живеат по него, биле заведени од Ѓаволот. Исус им го рекол тоа со следниве зборови: ”Вие сте од вашиот татко, Ѓаволот, и сакате да ги вршите желбите на вашиот татко. Тој беше убиец од почетокот, и не стоеше цврсто во вистината, (...) зашто е лажливец и татко на лагата“ (Јован 8:44, NW).

4. Што мислел Исус за религијата на фарисеите?

4 Затоа, фарисеите имале лажна религија. Таа им служела на интересите на Ѓаволот, а не на Божјите интереси. Затоа Исус не ја сметал за добра, туку ја осудил кога на религиозните фарисеи им рекол: ”Тешко вам (...) бидејќи го затворате небесното царство пред луѓето! Зашто ниту вие влегувате внатре, нити дозволувате да влезат оние кои се наоѓаат на пат за таму“ (Матеј 23:13, NW). Поради лажното обожавање и лошите постапки Исус ги означил како лицемери и змии отровници, и поради нивниот лош пат рекол дека се наоѓаат на пат во уништување (Матеј 23:25–33).

5. Како покажал Исус дека многуте религии не се само различни патишта кон иста цел?

5 Затоа Исус не учел дека сите религии се само различни патишта кои водат до исто место на спасение. Во прочуената Проповед на гората рекол: ”Влезете низ тесната врата; бидејќи е широк и простран патот кој води во уништување, и има многу кои одат по него; но, тесна е вратата и стеснет е патот кој води во живот, и малку се оние кои го наоѓаат“ (Матеј 7:13, 14, NW). Затоа што не го обожаваат Бог на правилен начин, многу луѓе се наоѓаат на пат во уништување. Само малку се на патот кој води во живот.

6. Што можеме да научиме од разгледувањето на обожавањето на израелскиот народ?

6 Ако го посматраме Божјето постапување со нацијата Израел, јасно гледаме колку е важно да се обожава Бог на начин кој тој го одобрува. Бог ги опоменал Израелците да се држат настрана од лажната религија на околните народи (5. Мојсеева 7:25). Тие луѓе ги жртвувале своите деца на боговите и вршеле сексуален разврат, вклучувајќи и хомосексуалност (3. Мојсеева 18:20–30). Бог им забранил на Израелците такви постапки. Кога биле непослушни и обожавале други богови, Бог ги казнувал (Исус Навин 24:20; Исаија 63:10). Значи, нивната религија била многу важна.

ПОСТОИ ЛИ ДЕНЕС ЛАЖНА РЕЛИГИЈА?

7, 8. (а) Каква улога одиграла религијата во светските војни? (б) Што мисли Бог за сето она што е направено во војните во името на религијата?

7 Како е со стотиците религии денес? Веројатно ќе се согласиш дека во името на религијата се направени многу нешта кои Бог не ги одобрува. Во двете светски војни, кои ги преживеале милиони наши современици, црквите на обете страни ги поттикнувале своите верници да убиваат. ”Убивајте ги Германците — убивајте ги“, извикувал лондонскиот бискуп. А на другата страна, надбискупот од Келн им говорел на германските војници: ”Ви заповедаме во името на Бог да се борите до последната капка крв за честа и славата на татковината.“

8 Така католиците убивале католици со одобрување од своите религиозни водачи, а истото тоа го правеле и протестантите. Свештеникот Хари Емерсон Фоздик признал: ”Дури и црквите ги украсивме со воени знамиња. Со половина уста го славевме кнезот на мирот, а со другата половина ја величавме војната.“ Што мисли Бог за една таква религиозна организација која тврди дека ја врши неговата волја, а сепак ја велича војната?

9. (а) Какво мислење имаат многумина за злосторствата кои ги извршиле припадниците на различни религии? (б) До кој заклучок доаѓаме ако некоја религиозна организација стане дел од светот?

9 Поради злосторствата кои во текот на историјата во името на Бог ги направиле припадниците на различните религии, милиони луѓе во денешно време се одвратени од Бог и Христос. Тие го обвинуваат Бог поради ужасните религиозни војни водени меѓу католиците и муслиманите, наречени крстоносни војни, или меѓу муслиманите и хиндусите или меѓу католиците и протестантите. Му префрлаат заради убивањето на Евреите во името на Христос, или заради свирепата католичка инквизиција. А религиозните водачи, кои се одговорни за тие ужасни злосторства, тврдат дека Бог е нивни Татко. Но, зарем не се деца на Ѓаволот, како што биле и фарисеите кои Исус ги осудил? Затоа што Сатана е бог на овој свет, зарем не треба да очекуваме дека и денес управува со религиите на светот? (2. Коринтјаните 4:4; Откровение 12:9).

10. Кои работи направени во името на религијата не ги одобруваш?

10 Несомнено, денес во името на религијата се прават многу нешта кои ги сметаш за неисправни. Често слушаме дека луѓето неморално живеат, а остануваат угледни членови на својата црква. Или познато е дека има свештеници кои се на лош глас поради нивниот лош начин на живот, но во своите цркви и понатаму важат за добри духовни пастири. Некои религиозни водачи велат дека хомосексуалноста и полните односи меѓу невенчаните не се грешни. Но, тебе можеби ти е познато дека Библијата не вели така. Всушност, Бог ги казнил со смрт Израелците кои правеле такви работи. Од истата причина ги уништил Содом и Гомора (Јуда 7). Наскоро ќе го стори истото тоа и со целата денешна лажна религија. Поради нејзините неморални односи со ”царевите на Земјата“, лажната религија во Библијата е прикажана како блудница (Откровение 17:1, 2, 16).

ОБОЖАВАЊЕ КОЕ БОГ ГО ОДОБРУВА

11. Што е потребно нашето обожавање да му биде допадливо на Бог?

11 Бидејќи Бог не ги одобрува сите религии, мораме да се прашаме: ”Дали го обожавам Бог на начин кој тој го одобрува?“ Како можеме тоа да го знаеме? Не човек, туку Бог одлучува што е вистинско обожавање. За да нашето обожавање му се допадне, мора да биде длабоко втемелено во неговата реч на вистината. Мораме да мислиме исто како и библискиот запишувач кој рекол: ”Нека Бог се најде како вистинит, а секој човек лажливец“ (Римјаните 3:3, 4, NW).

12. Зошто Исус им рекол на фарисеите дека нивното обожавање не му е допадливо на Бог?

12 Фарисеите од првиот век не мислеле така. Си поставиле свои верски науки и традиции кои ги ценеле повеќе отколку Божјата Реч. Со каков резултат? Исус им рекол: ”Заради вашата традиција сте ја обезвредиле Божјата реч. Лицемери! Точно прорекувал Исаија за вас кога рекол: ’Овој народ ми оддава чест со уста, а нивното срце е далеку од мене. Залудно постојано ме обожаваат, бидејќи научуваат човечки заповеди како науки‘“ (Матеј 15:1–9, NW; Исаија 29:13). Затоа, ако сакаме Божје одобрување, мораме да бидеме сигурни дека она што го веруваме е согласно со науките на Библијата.

13. Што мора да правиме, според Исусовите зборови, ако сакаме Бог да нѐ признае?

13 Не е доволно само да речеме дека веруваме во Христос, а потоа да го правиме она што ние мислиме дека е добро. Мораме безусловно да испитаме што Бог сака во тој поглед. Исус го истакнал тоа во својата Проповед на гората, со зборовите: ”Нема секој кој ми говори: ’Господе, Господе‘, да влезе во небесното царство, туку оној кој ја врши волјата на мојот Татко, кој е на небесата“ (Матеј 7:21, NW).

14. Зошто во Исусовите очи можеме да бидеме ”творци на беззаконието“, иако правиме ”добри дела“?

14 Можеби правиме и таканаречени ”добри дела“ и тоа во името на Христос. Но, сето тоа не би имало никаква вредност ако не ја вршиме Божјата волја. Би биле во иста положба како и лицата за кои Исус рекол: ”Многумина ќе ми речат во оној ден: ’Господе, Господе, зар не пророкувавме во твое име, и зарем не истерувавме демони во твое име и во твое име правевме моќни дела?‘ А јас тогаш ќе им речам: Никогаш не сум ве познавал! Одете од мене, вие творци на беззаконието!“ (Матеј 7:22, 23, NW). Да, ние можеме да правиме работи за кое ние мислиме дека се добри и поради кои луѓето се благодарни или нѐ фалат. Но, ако не го правиме она што Бог вели дека е добро, Исус ќе нѐ смета за ”творци на беззаконие“.

15. Зошто е мудро да постапуваме како луѓето од древната Вереја?

15 Бидејќи многу религии денес не ја вршат Божјата волја, не можеме едноставно да сметаме дека црквените науки или верската заедница на која ѝ припаѓаме се во склад со Божјата Реч. Фактот дека некоја црква ја користи Библијата, не е доказ дека сите нејзини науки и обичаи се наоѓаат во Библијата. Важно е сами да се увериме во тоа. Апостол Павле ги пофалил луѓето од Вереја затоа што, откако им проповедал, испитувале по Писмото дали она што им го рекол одговарало на вистината (Дела 17:10, 11). Религијата која Бог ја признава мора да биде потполно согласна со Библијата; таа не прифаќа само некои делови од Библијата, а другите да ги отфрла (2. Тимотеј 3:16).

ИСКРЕНОСТА САМА ПО СЕБЕ НЕ Е ДОВОЛНА

16. Што рекол Исус за да покаже дека искреноста сама по себе не е доволна за да му се допаднеме на Бог?

16 Некои би можеле да забележат: ”Зарем Бог не го признава оној кој искрено верува, иако ја нема вистинската религија?“ Исус рекол дека тој не ги прифаќа ”творците на беззаконието“, иако дури и сами верувале дека правилно постапувале (Матеј 7:22, 23). Значи, искреноста сама по себе не му е допадлива ни на Бог. Исус еднаш им рекол на своите следбеници: ”Доаѓа часот кога секој кој ве убива ќе мисли дека му принел света служба на Бог“ (Јован 16:2, NW). Тие убијци на христијаните можеби искрено верувале дека со тоа му служат на Бог, но очигледно е дека Бог мислел поинаку; тоа нему не му се допаѓало.

17. Што правел Павле пред да биде христијанин, иако бил искрен?

17 Пред да стане христијанин, апостол Павле учествувал во убиството на Стефан. Подоцна барал нови можности да убие уште повеќе христијани (Дела 8:1; 9:1, 2). Подоцна и самиот објаснил: ”Постојано преку мерка го прогонував и пустошев Божјето собрание; и напредував во јудаизмот повеќе од многу мои врсници во мојот род, зашто многу повеќе ревнував за традициите на моите татковци“ (Галатјаните 1:13, 14, NW). Да, Павле бил искрен, но тоа не ја направило неговата религија исправна.

18. (а) На која религија ѝ припаѓал Павле кога ги прогонувал христијаните? (б) Зошто Павле и некои од неговите современици морале да ја променат својата религијата?

18 Во тоа време Павле бил член на еврејскиот религиозен систем кој го отфрлил Исус Христос, и така и самиот бил отфрлен од Бог (Дела на апостолите 2:36, 40; Изреките 14:12). За да му се допадне на Бог, Павле морал да ја промени својата религија. Тој споменал и некои други искрени луѓе кои имале ”ревност за Бог“ и кои биле искрени, но не му се допаѓале на Бог, бидејќи нивната религија не се темелела на точното спознание за Божјите намери (Римјаните 10:2, 3).

19. Зошто е невозможно различните религиозни науки да бидат вистинити?

19 Невозможно е сите различни религиозни науки во светот да бидат вистинити. На пример, луѓето или имаат душа којашто живее после смртта на телото или ја немаат. Земјата или вечно ќе постои или нема да постои. Бог или ќе стави крај на злото или не. Овие, како и многу други верски гледишта или се точни или лажни. Не можат да постојат две различни вистини, кои меѓусебно не се согласни. Точно е или едното или другото, но не и двете. Ако нешто во суштина е неисправно, нема да биде исправно само затоа што ние така искрено веруваме и според тоа постапуваме.

20. Како можеме на религиозно поле да ја следиме исправната ”авто карта“?

20 Како би реагирал ако ти се докаже дека она што го веруваш е лажно? Да претпоставиме дека за првпат патуваш со автомобил во некое место. Имаш авто карта, но не си зел време внимателно да ја проучиш. Некој ти рекол да тргнеш по одреден пат. Ти искрено му веруваш дека ти го покажал вистинскиот пат. Но, што ако тоа не е точно и некој те предупреди на заблудата? Што ако на темел на твојата сопствена карта ти покаже дека си на погрешен пат? Зарем поради гордост и тврдоглавост не би признал дека си на погрешен пат? Затоа биди спремен да се промениш ако преку проучување на сопствената Библија сознаеш дека во религиозен поглед се наоѓаш на погрешен пат. Чувај се од широкиот пат кој води во уништување; подобро појди по тесниот пат кој води во живот!

БЕЗУСЛОВНО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ВРШИ БОЖЈАТА ВОЛЈА

21. (а) Што уште е неопходно освен познавањето на вистината? (б) Што ќе направиш кога ќе сознаеш дека Бог не одобрува некои работи кои ти ги правиш?

21 Важно е да се познаваат библиските вистини. Сепак, тоа спознание е безвредно ако не го обожаваш Бог во вистина (Јован 4:24). Постапувањето според вистината и вршењето на Божјата волја е тоа што е важно. ”Верата без дела е мртва“, вели Библијата (Јаков 2:26). За да му се допаднеш на Бог, потребно е не само твојата религија потполно да се согласува со Библијата, туку и да ја применуваш на секое подрачје од животот. Дали ќе се промениш кога ќе сознаеш дека правиш нешто што е погрешно во Божји очи?

22. Која корист ја имаме уште сега а и во иднина, ако ја вршиме вистинската религија?

22 Ако ја вршиш Божјата волја ти претстојат величествени благослови. Уште сега ќе имаш корист. Преку вистинското обожавање стануваш подобар човек, подобар сопруг или татко, подобра жена, сопруга или мајка, подобро дете. Така ги развиваш особините кои му се допаѓаат на Бог и кои те разликуваат од другите, бидејќи постапуваш правилно. Уште повеќе, тоа ќе ти овозможи среќен живот во совршено здравје на ветената рајска Земја (2. Петрово 3:13). Без сомнение, важно е на која религија ѝ припаѓаш!

[Слика на страница 25]

Дали духовните водачи кои сакале да го убијат Исус, навистина биле Божји слуги?

[Слики на страници 26 и 27]

Повеќето луѓе се наоѓаат на широкиот пат кој, според Исусовите зборови, води во уништување. Само малкумина од нив се наоѓаат на тесниот пат кој води во живот

[Слика на страници 28 и 29]

”Јавно изјавуваат дека го познаваат Бог, но се одрекуваат од него преку своите дела“ (Тит 1:16, NW).

На зборови

На дела

[Слика на страница 30]

Со тоа што припаѓал на друга религија, Павле учествувал во каменувањето на христијанскиот ученик Стефан

[Слика на страница 33]

Зарем поради гордост и тврдоглавост не би признал дека се наоѓаш на погрешен пат?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели