ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/08 стр. 30
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Насилни видеоигри во црква
  • Кражба на идентитетот на деца
  • На прошетка со нуклеарни боеви глави
  • Гулабите — мерило за загаденоста
  • Пердуви — чудесна творба
    Разбудете се! 2007
  • Дали оние што играат се во опасност?
    Разбудете се! 2003
  • Променливиот свет на електронските игри
    Разбудете се! 2003
  • Дали сте знаеле?
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 8/08 стр. 30

Поглед во светот

◼ Во 2007 год., околу 47 милиони Кинези немаа доволно вода за пиење поради најлошата суша во последниве 10 години. Во меѓувреме, тајфуните им наштетија на 42 милиони, а поплавите на 180 милиони лица (НОВИНСКА АГЕНЦИЈА СИНХУА, КИНА).

◼ „Се проценува дека во 2003 год., секоја петта бремена жена во светот извршила абортус. Во Европа, стапката е речиси една третина... Во земјите од поранешниот Советски Сојуз,.. абортирале околу 45 отсто од жените што биле бремени во 2003 год.“ (BRITISH MEDICAL JOURNAL, БРИТАНИЈА).

Насилни видеоигри во црква

„Стотици проповедници и пастори предизвикаа загриженост и критики бидејќи, во очаен обид да ги привлечат младите во своите цркви, користат необична метода“ — една „многу популарна“, но „насилна видеоигра“, известува The New York Times. Станува збор за игра наменета за повозрасните во која играчот има улога на војник што мора да убива, и тоа на различни начини. Ова не беше пречка организаторите на неколку протестантски и евангелистички младински групи да „набават повеќе конзоли за видеоигри за да ги соберат тинејџерите пред големите телевизиски екрани, каде што ќе можат да пукаат во сѐ живо пред себе“, пишува истиот весник.

Кражба на идентитетот на деца

Според The Wall Street Journal, сѐ повеќе деца се жртви на кражба на идентитетот, што може да им го скрати идното право на кредит или да им ги наруши односите со другите. Таквите прекршоци, кои обично ги врши некој член на семејството, понекогаш се разоткриваат дури по неколку децении. „Повеќето луѓе не се свесни дека некој нелегално го користи нивниот идентитет... сѐ додека не подадат молба за работа, возачка дозвола, студентски кредит или за хипотека“, објаснува весникот. Понекогаш, оштетеното лице дознава за измамата и порано, ако некоја банка им испрати опомена за подмирување на долгот што бил направен во негово име.

На прошетка со нуклеарни боеви глави

На 30 август 2007 год., еден бомбардер Б-52, кој е дел од флотата на американското воено воздухопловство, леташе над САД три и пол часа натоварен со шест нуклеарни крстосувачки ракети кои „по грешка биле наместени на крилото на авионот“, известува The Washington Post. Ниту пилотите што управувале со авионот ниту членовите на техничкиот персонал на аеродромот, кои ги натовариле проектилите, „не биле свесни за тоа цели 36 часа“, пишува истиот весник. Според извештаите, „претставници на военото воздухопловство на САД велат дека боевите глави не биле активирани и дека ни за момент не претставувале закана за населението“. Сепак, како што рекол и еден коментатор, „колку сигурни би требало да се чувствуваме?“

Гулабите — мерило за загаденоста

Истражувањата што беа извршени на гулаби од градот Џајпур покажаа дека овие птици можат да послужат како мерило за загаденоста, велат истражувачите од Универзитетот во Раџастан (Северна Индија). „Тешките метали што се присутни онаму каде што живеат овие птици навлегуваат во нивните пердуви и се задржуваат во нив дури и откако ќе им паднат“, стои во Gobar Times (Њу Делхи), додаток на списанието Down to Earth. Бидејќи гулабите живеат обично само на едно место, нивото на кадмиум, хром, бакар и олово присутни во нивните пердуви може да биде точен показател за степенот на загаденост во тоа место.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели