Песна 115
Патот до успехот
(Исус Навин 1:8)
1. Какво само задоволство
носи Божјата Реч
кога, жедни за учење,
читаме секој ден.
Ако верно ја слушаме,
водич станува наш.
(РЕФРЕН)
Сѐ што читаш применувај
и увери се сам —
тој е патот до успехот
што Јехова го дал.
2. Бог во древните времиња,
јасна заповед дал:
,Секој цар мора Законот
да го препише сам.
Да го чита внимателно
дење, ноќе, на глас‘.
(РЕФРЕН)
Сѐ што читаш применувај
и увери се сам —
тој е патот до успехот
што Јехова го дал.
3. Кога редовно читаме
дел од Божјата Реч,
мир и надеж добиваме,
уште поцврсти сме.
Зрелост, вера и напредок
Бог ни дарува нам.
(РЕФРЕН)
Сѐ што читаш применувај
и увери се сам —
тој е патот до успехот
што Јехова го дал.
(Види и 5. Мој. 17:18; 1. Цар. 2:3, 4; Пс. 119:1; Ерем. 7:23.)