2. Летописи
27 Јотам+ имаше дваесет и пет години кога почна да владее, и владееше шеснаесет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Еруса,+ а му беше ќерка на Садок. 2 Тој го правеше она што е исправно во Јеховини очи,+ сето она што го правеше и Озија, неговиот татко,+ само што не влезе во Јеховиниот храм.+ Но народот и понатаму правеше зло.+ 3 Јотам ја изгради горната порта+ на Јеховиниот дом и изведе многу градежни работи на ѕидиштата на Офел.+ 4 Изгради и градови+ во планинскиот крај на Јуда,+ а во шумите+ изгради тврдини+ и кули.+ 5 Војуваше со царот на Амоновите синови+ и ги надвладеа, така што синовите на Амон во таа година му дадоа сто таланти* сребро, десет илјади кора*+ пченица+ и десет илјади кора јачмен.+ Синовите на Амон му платија исто толку и во втората и во третата година.+ 6 Така Јотам стануваше сѐ посилен, зашто го правеше она што е исправно пред Јехова, својот Бог.+
7 Останата историја на Јотам,+ сите негови војни и сѐ што правеше е запишано во Книгата+ за царевите на Израел и на Јуда. 8 Имаше дваесет и пет години кога почна да владее и владееше шеснаесет години во Ерусалим.+ 9 На крајот Јотам почина кај своите прататковци+ и го погребаа во Давидовиот град,+ а на негово место почна да владее неговиот син Ахаз.+