2. Летописи
3 И така, Соломон почна да го гради Јеховиниот дом+ во Ерусалим, на ридот Морија,+ каде што Јехова му се појави на неговиот татко Давид,+ на местото што го подготви Давид, на гумното на Орнан+ Евусеецот. 2 Почна да го гради на вториот ден од вториот месец, во четвртата година од своето царување.+ 3 Темелите што Соломон ги положи за изградба на домот на вистинскиот Бог беа долги шеесет лакти, по старата мера на лакотот,* а широки дваесет лакти.+ 4 Предворјето+ од предната страна на домот беше долго дваесет лакти, колку што беше широк домот, а високо сто и дваесет. Однатре го обложи со чисто злато. 5 Великиот дом*+ го обложи со смрековина, го прекри со чисто злато,+ па направи украси во облик на палми,+ како и синџири.+ 6 Потоа го обложи домот со скапоцен камен и така го украси.+ Златото+ беше од земјата на златото. 7 Така го обложи домот со злато:+ таванските греди, праговите, ѕидовите и вратите. На ѕидовите изрезбари украси во облик на херувими.*+
8 Ја направи и Светињата над светињите.+ Таа беше долга дваесет лакти, колку што беше широк домот, и широка дваесет лакти.+ Ја обложи со шестотини таланти чисто злато. 9 Златото за клинците+ тежеше педесет сикли.* И горните соби ги обложи со злато.
10 Во внатрешноста на Светињата над светињите направи два херувима,+ вајарско дело, и ги обложи со злато.+ 11 Крилјата на тие херувими+ беа долги дваесет лакти. Едното крило, долго пет лакти, го допираше ѕидот на домот, а другото крило, долго пет лакти, го допираше крилото на другиот херувим.+ 12 Така и едното крило на вториот херувим, долго пет лакти, го допираше ѕидот на домот, а другото крило, долго пет лакти, го допираше крилото на првиот херувим.+ 13 Раширените крилја на тие херувими имаа дваесет лакти. Херувимите стоеја на нозе, со лицата свртени кон внатрешноста на домот.
14 Направи и завеса+ од сина преѓа,+ од црвеникаво-виолетова волна, од пурпур и од фино платно, и на неа извезе херувими.+
15 Пред домот направи два столба+ долги триесет и пет лакти, а на секој од нив имаше глава*+ од пет лакти. 16 Потоа направи синџирчиња+ изработени како ѓердан и ги стави на врвот од столбовите. Направи и сто калинки+ и ги обеси на синџирчињата. 17 Столбовите ги постави пред храмот, едниот од десната, а другиот од левата страна. Десниот* го нарече Јахин,* а левиот* Воас.*+