Јов
23 Тогаш Јов одговори:
2 „Бунтовен сум денес од загриженост,+
тешка ми е раката од моето воздивнување.
4 В лице би му ја образложил својата парница
и со докази би ја наполнил својата уста.
5 Би сакал да ги знам зборовите со кои би ми одговорил,
би размислил за она што би ми го рекол.+
6 Дали тој, во својата голема моќ, би се препирал со мене?
Не, туку би ме сослушал.+
7 Таму справедливиот човек би ги решил работите со него
и мојот судија би ме ослободил засекогаш.
8 Ете, одам на исток, а него го нема;
тргнувам назад, но не го забележувам.+
9 Одам налево, таму каде што работи, но не го гледам;
тој се свртува надесно, но јас не го гледам.
11 По неговите стапки чекори мојата нога,
се држам за неговиот пат и не скршнувам од него.+
12 Од заповедите на неговите усни не отстапувам.+
Ги зачував зборовите од неговата уста,+ и повеќе отколку што ми е одредено.
13 Тој има една замисла, и кој може да му се спротивстави?+
Што ќе посака неговата душа, тоа и ќе го направи.+
14 Ќе изврши сѐ што ми одредил,+
а во него има уште многу работи слични на тоа.
15 Затоа, чувствувам немир поради него,
размислувам за него и се плашам од него.+
17 Зашто, не сум замолкнат поради темнината,
ниту поради тоа што мрак ми го покри лицето.