Јов
4 Тогаш проговори Елифаз+ од Теман:
2 „Ако се обиде некој да ти каже некаков збор, дали ќе ти биде заморно?
Но, кој може да се воздржи од зборови?
4 Кога некој ќе се сопнеше, твоите зборови ќе го подигнеа,+
и растреперените колена ти ги зајакнуваше.+
5 Но, сега тоа те снајде тебе, и ти падна со духот,
допре до тебе, и ти се збуни.
6 Не е ли твојата богобојазливост причина за твојата доверба?
Зар не лежи твојата надеж во беспрекорноста+ на твоите патишта?
9 Гинат од Божјиот здив,
исчезнуваат кога се излева* неговиот гнев.
10 Се слуша рикањето на лавот и гласот на младиот лав,
но им се кршат забите на младите грабливи лавови.
11 Лавот загинува бидејќи нема плен,
и се разотидуваат младенчињата на лавот.
12 А мене скришно ми дојде реч,
и моето уво го чу нејзиниот шепот,+
13 во тегобните мисли при ноќните виденија,
кога паѓа длабок сон врз луѓето.
14 Ме обзеде страв и трепет,
низ сите мои коски ми минаа морници.
15 И некој дух ми помина по лицето,
ми се наежи снагата.
16 Застана,
но не му го препознав лицето.
Некаков лик ми беше пред очи.
Беше тишина, и тогаш зачув глас:
17 ‚Може ли смртен човек да биде поправеден од Бог?
Може ли човек да биде почист од својот Творец?‘
19 а тогаш, како ли гледа на оние што живеат во глинени куќи,
чијшто темел е во правта!+
Можат да бидат здробени побрзо и од молец.
20 Од утро до вечер се претвораат во прав,
и никој не го става на срце тоа што тие исчезнуваат засекогаш.
21 Зарем не е извлечено јажето на нивниот шатор?
Умираат, зашто немаат мудрост.