Песна за искачување.
123 Кон тебе ги подигам очите,+
кон тебе, кој живееш на небесата.+
2 Еве, како што очите на слугите се вперени во раката на нивниот господар+
и очите на слугинката во раката на нејзината господарка,+
така нашите очи се вперени во Јехова, нашиот Бог,+
додека не ни се смилува.+
3 Смилувај ни се, Јехова, смилувај ни се,+
зашто обилно се наситивме со презир.+
4 Обилно се насити нашата душа со исмејувањето од оние што се безгрижни,+
со презирот од оние што се надуени.+