На управителот. Давидова песна.
21 О Јехова, поради твојата моќ, царот се радува,+
а поради твоето спасение, ќе се радува уште повеќе!+
2 Му го даде она што му го посака срцето+
и не ја одби желбата на неговите усни.+ (Села)
3 Зашто, го благослови и го дарува со добри работи+
и на главата му стави круна од суво злато.+
4 Тој бараше од тебе живот, и ти му го даде.+
Му ги продолжи деновите за навек, за сета вечност.+
5 Голема е неговата слава поради спасението што го даваш ти.+
Го облекуваш со чест и величие.+
6 Богато го благословуваш засекогаш.+
Го веселиш со радоста што ја дава твоето лице.+
7 Зашто, царот има доверба во Јехова,+
во милоста на Севишниот. Нема да се затетерави.+
8 Твојата рака ќе ги најде сите твои непријатели,+
твојата десница ќе ги најде оние што те мразат.
9 Ќе ги претвориш во вжарена печка кога ќе дојде времето да се покаже твоето лице.+
Јехова ќе ги проголта во својот гнев и оган ќе ги голтне.+
10 Нивниот пород ќе го истребиш од земјата+
и нивното потомство од синовите човечки.+
11 Зашто, намислија зло против тебе,+
го смислуваат она што не можат да го спроведат.+
12 Ќе ги натераш да бегаат,+
кога ќе им ги впериш своите лакови в лице.+
13 Возвиши се во својата сила, о Јехова!+
Ќе пееме и со песна ќе ја славиме твојата моќ.+