Исаија
18 Тешко на земјата на крилестите инсекти што брмчат, која е во подрачјето на етиопските реки,+ 2 на онаа што испраќа пратеници+ по море, по водната површина, во бродови од папирусна трска и вели: „Одете, брзи гласници, кај високиот народ со мазна кожа, народ кој насекаде шири страв, жилав народ, кој ги гази другите и чија земја ја однесуваат реките!“+
3 Сите вие жители на светот,*+ вие што живеете на земјата, ќе видите глетка како кога се подига собирен знак на планините+ и ќе чуете звук како кога се огласува рог.+ 4 Зашто, вака ми рече Јехова: „Ќе останам мирен и ќе го гледам своето живеалиште,+ како голема горештина кога блеска сонцето,+ како облак со роса во време на берба.+ 5 Зашто, пред бербата, кога ќе прецути цветот, и од цветовите ќе настане грозје што узрева, лозарот ќе ги одреже со нож прачките и ќе ги отстрани ластарите, ќе ги отсече.+ 6 Сите тие ќе им бидат оставени на планинските птици грабливки и на земните ѕверови.+ Птиците грабливки ќе се хранат со нив цело лето, сите земни ѕверови ќе се хранат со нив за време на бербата.+
7 Во тоа време, висок народ со мазна кожа,+ народ кој насекаде шири страв, жилав народ, кој ги гази другите и чија земја ја однесуваат реките, ќе му донесува дар на Јехова над војските,+ ќе го донесува на местото каде што престојува името на Јехова над војските, на гората Сион“.+