Плач Еремиин
א [алеф]*
4 О, како потемне сјајното злато, тоа чисто злато!+
ב [бет]
2 А драгоцените синови на Сион,+ кои некогаш ги споредуваа со суво злато,
сега ги сметаат само за земјени ќупови, дело на грнчарски раце!+
ג [гимел]
3 Дури и шакалите ги подаваат градите, ги дојат своите младенчиња.
Ќерката на народот мој стана сурова,+ како ноевите во пустината.+
ד [далет]
ה [хеј]
5 Оние што некогаш јадеа избрани јадења премираат од страв по улиците.+
Оние што израснаа во црвена облека+ сега прегрнуваат купишта пепел.+
ו [вав]
6 Казната за престапот на ќерката на мојот народ е поголема од казната за гревот на Содом,+
кој за миг беше уништен и кому никој не му подаде рака да му помогне.+
ז [заин]
ח [хет]
8 Сега изгледаат поцрни од црнило. Не се препознаваат по улиците.+
Кожата им се залепила за коските,+ се исушила како дрво.
ט [тет]
9 Подобро си поминаа оние што беа убиени со меч+ отколку оние што испоумреа од глад,+
бидејќи овие полека чемреат, од недостиг на полски плодови како со меч да се прободени.
י [јуд]
10 Жените, кои порано беа сочувствителни, ги вареа родените деца.+
Тие им беа храна во времето на пропаста на ќерката на народот мој.+
כ [каф]
11 Јехова ја излеа својата јарост,+ го излеа разгорениот гнев свој+
и распалува оган на Сион, кој ги голта неговите темели.+
ל [ламед]
12 Ни земните цареви ни сите што живеат на земјата* не веруваа+
дека противникот и непријателот ќе влезат низ ерусалимските порти.+
מ [мем]
13 Поради гревовите на пророците негови, поради престапите на свештениците негови,+
среде него се пролеваше крвта на праведниците.+
נ [нун]
ס [самек]
15 „Тргнете се! Нечисти!“+ — им викаа. „Тргнете се! Тргнете се! Не допирајте нѐ!“+
Зашто, станаа бездомници+ и скитаа наоколу.+ Меѓу народите се зборуваше: „За нив овде повеќе нема место.+
פ [пе]
16 Самиот Јехова ги расеа.+ Повеќе нема да ги погледне.+
Повеќе не се почитуваат ни свештениците,+ нема милост ни кон старците“.+
ע [аин]
17 Додека уште нѐ има, очите ни се изморија од залудно чекање помош.+
Гледајќи во далечината, очекувавме народ кој не може да донесе спасение.+
צ [цадик]
18 Ни ги демнат чекорите,+ па не можеме да одиме по плоштадите наши.
Крајот ни се приближи. Ни навршија деновите, ни дојде крајот.+
ק [куф]
19 Гонителите наши беа побрзи од орлите на небото.+
Жестоко нѐ гонеа+ по планините, во пустината нѐ начекуваа од заседа+.
ר [реш]
20 Здивот од нашите ноздри,+ помазаникот на Јехова,+ е фатен во нивната голема јама,+
оној за кого велевме: „Во сенката негова+ ќе живееме меѓу народите“.+
ש [син]
21 Радувај се и весели се,+ едомска ќерко,+ која живееш во земјата Уз!+
Ќе дојде и до тебе чашата.+ Ќе се опиеш и ќе ја покажеш својата голотија.+
ת [тав]