Езекиел
23 И ми дојде Јеховината реч:+ 2 „Сине човечки, си беа две жени, ќерки на иста мајка.+ 3 И се оддадоа на блуд во Египет.+ Блудствуваа во својата младост.+ Таму им ги стискаа+ и им ги милуваа моминските гради. 4 Постарата се викаше Охола,* а нејзината сестра Охолива.* Станаа мои+ и родија синови и ќерки.+ Охола е име за Самарија,+ а Охолива за Ерусалим.+
5 Охола се оддаде на блуд,+ иако ми припаѓаше мене, и се распалуваше по своите љубовници,+ по Асирците,+ со кои се зближи, 6 по управителите облечени во сини облеки и по намесниците — сѐ сами привлечни момци, војници што јаваа на коњи. 7 Блудствуваше со нив, со најубавите меѓу асирските синови, и се извалка со сите по кои се распалуваше — со нивните одвратни идоли.*+ 8 Не се откажа од својот блуд со кој почна во Египет, зашто лежеа со неа уште од нејзината младост, тие ѝ ги милуваа моминските гради и блудствуваа со неа.+ 9 Затоа ја предадов во рацете на нејзините љубовници,+ во рацете на асирските синови, по кои се распалуваше.+ 10 Тие ја открија нејзината голотија.+ Ѝ ги зедоа синовите и ќерките,+ а неа ја убија со меч. Се најде на лош глас меѓу жените и беше извршена пресуда над неа.
11 Кога го виде тоа сестра ѝ Охолива,+ уште повеќе од неа се препушти на своите сладострастија и нејзиниот блуд беше полош од блудствувањето на сестра ѝ.+ 12 Се распалуваше по асирските синови,+ по управителите и по намесниците облечени во прекрасни одежди со кои се зближи, по војниците што јаваа на коњи — по најпривлечните момци.+ 13 Видов дека и таа се извалка и дека обете одат по ист пат.+ 14 А уште повеќе се оддаваше на блуд кога ќе здогледаше машки на резбите по ѕидот,+ ликови+ на Халдејци, изрежани и обоени со црвена боја,+ 15 со колкови препашани со појас,+ со турбани на главата, според изгледот — сѐ воини, според обликот — вавилонски синови, родени во халдејската земја. 16 Кога ќе ги здогледаше, ќе се распалеше по нив+ и им праќаше свои гласници во Халдеја.+ 17 А вавилонските синови доаѓаа кај неа на љубовната постела, и ја валкаа со својот блуд.+ Таа се валкаше со нив, но потоа нејзината душа со гадење се одврати од нив.
18 И го откри својот блуд, ја откри својата голотија,+ па мојата душа со гадење се одврати од неа, како што мојата душа со гадење се одврати и од сестра ѝ.+ 19 А таа и понатаму се оддаваше на блуд,+ спомнувајќи си за деновите на својата младост,+ кога се оддаваше на блуд во египетската земја.+ 20 Се распалуваше како наложниците* што им припаѓаат на оние чиј орган е како на магаре, чиј полов орган е како на коњ.+ 21 И копнееше по бесрамните дела од својата младост, кои почна да ги прави кога ѝ ги милуваа градите во Египет,+ кога копнееја по нејзините момински гради.+
22 Затоа, Охоливо, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе ги подигнам против тебе твоите љубовници,+ оние од кои твојата душа се одврати со гадење, и ќе ги доведам против тебе отсекаде,+ 23 вавилонските синови+ и сите Халдејци,+ сите од Пеход+ и од Шоа и од Коа, а со нив и сите асирски синови, сѐ привлечни момци, управители и намесници, сѐ воини и оние што се собираат на зборно место, јавачи на коњи. 24 И ќе дојдат против тебе со трескот на бојни коли и тркала,+ со мноштво народи, со големи и мали штитови и со шлемови. Ќе те опколат од сите страни, а јас ќе им го предадам судот, па ќе ти судат со својот суд.+ 25 Ќе го излеам својот жесток гнев врз тебе+ и тие ќе ти се нафрлат гневно.+ Ќе ти ги отсечат носот и ушите, а она што ќе остане од тебе ќе падне од меч. Ќе ти ги одведат+ синовите и ќерките,+ а она што ќе остане од тебе ќе го проголта оган.+ 26 И ќе ти ги слечат облеките+ и ќе ти го земат сето она со кое се украсуваш.+ 27 Така ќе им ставам крај на твоите бесрамни дела+ и на твојот блуд со кој започна уште во Египет,+ па повеќе нема да ги подигаш очите кон нив и повеќе нема да се сеќаваш на Египет‘.
28 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, ќе те предадам во рацете на оние што ги мразиш, во рацете на оние од кои твојата душа се одврати со гадење.+ 29 Тие ќе навалат на тебе со омраза и ќе го земат сиот плод на твојот труд и ќе те остават гола и разголена.+ И ќе се открие голотијата на твојот блуд и твоите бесрамни дела и твоето блудствување.+ 30 Сето тоа ќе те снајде бидејќи трчаш како блудница по народите,+ бидејќи се извалка со нивните одвратни идоли.+ 31 Одиш по патот на сестра ти,+ и затоа ќе ти ја дадам в рака нејзината чаша‘.+
32 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе ја испиеш чашата на сестра ти, чаша длабока и широка.+ Ќе бидеш за потсмев и за подбив, зашто таа чаша собира многу.+ 33 Ќе се исполниш со пијанство и со тага, ќе ја испиеш чашата на ужасот и на опустошувањето, чашата на сестра ти Самарија. 34 Ќе ја пиеш и ќе ја испиеш до капка,+ ќе ги глодаш скршените парчиња од таа земјена чаша и ќе си ги откорнеш градите.+ „Зашто, јас реков така“, вели Севишниот Господар Јехова‘.
35 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Затоа што ме заборави+ и ми сврте грб,+ трпи сега поради своите бесрамни дела и поради својот блуд!‘ “
36 И уште ми рече Јехова: „Сине човечки, сакаш ли да им судиш+ на Охола и на Охолива+ и да им укажеш на нивните гадости?+ 37 Зашто, направија прељуба+ и на нивните раце има крв,+ направија прељуба со своите одвратни идоли.+ Освен тоа, синовите што ми ги родија мене, ги фрлаа во оган за да им бидат храна на тие идоли.+ 38 А уште ми го направија и ова: во тој ден го извалкаа+ моето светилиште+ и ги осквернија моите денови за одмор.*+ 39 А кога ги заклаа своите синови заради своите одвратни идоли,+ во тој ден дојдоа во моето светилиште за да го осквернат.+ Ете, тоа го направија среде мојот дом.+ 40 Освен тоа, праќаа гласници+ по луѓето што доаѓаа оддалеку, и тие доаѓаа.+ А ти, Охолива, ќе се искапеше за нив,+ ќе си ги намачкаше очите+ и ќе се накитеше со накит.+ 41 И ќе седнеше на раскошно легло,+ пред поставена трпеза+ на која ги ставаше мојот темјан+ и моето масло.+ 42 И тука се слушаше звукот на безгрижно мноштво,+ а меѓу мажите во тоа мноштво луѓе, доведуваа и пијаници+ од пустината, а на жените им ставаа гривни на рацете и прекрасни круни на главите.+
43 Тогаш реков за онаа што е папсана од прељуба:+ ‚Таа и понатаму ќе се оддава на блуд‘.+ 44 И одеа кај неа како што се оди кај блудница. Така одеа кај Охола и кај Охолива, како кај развратни жени.+ 45 Но праведниците+ ќе ѝ судат онака како што им се суди на прељубници+ и како што им се суди на жени што пролеваат крв,+ зашто тие се прељубници и на нивните раце има крв.+
46 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе доведам мноштво против нив,+ па ќе ги направам ужасна глетка и ќе ги предадам на грабеж.+ 47 И мноштвото ќе ги затрупа со камења+ и ќе ги исече со своите мечеви. Ќе им ги убие синовите и ќерките,+ а куќите ќе им ги изгори со оган.+ 48 И така ќе им ставам крај на бесрамните дела+ во таа земја,+ и сите жени ќе извлечат поука од тоа, да не прават бесрамни дела како вас.+ 49 Тие ќе ве казнат за вашите бесрамни дела,+ и ќе страдате поради гревовите на своето идолопоклонство. И тогаш ќе знаете дека јас сум Севишниот Господар Јехова‘ “.+