Езекиел
6 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Сине човечки, сврти го лицето кон планините на Израел+ и пророкувај им!+ 3 Речи: ‚Планини на Израел, чујте ја речта на Севишниот Господар Јехова:+ Вака им вели Севишниот Господар Јехова на планините и на ридовите,+ на речните корита и на долините: „Еве, ќе пуштам врз вас меч и ќе ги уништам вашите обредни височинки.+ 4 Ќе опустат вашите жртвеници+ и ќе се искршат вашите кадилни сталки, а вашите убиени ќе ги испофрлам пред вашите одвратни идоли.*+ 5 И ќе ги ставам труповите на Израеловите синови пред нивните одвратни идоли и ќе ги расеам вашите коски околу вашите жртвеници.+ 6 Каде и да живеете,+ вашите градови ќе бидат опустошени+ и вашите обредни височинки ќе опустат и ќе лежат опустошени,+ а вашите жртвеници ќе опустат и ќе бидат разбиени,+ ќе исчезнат вашите одвратни идоли+ и ќе се искршат вашите кадилни сталки,+ ќе се сотрат делата на вашите раце. 7 Меѓу вас ќе паѓаат убиени,+ и тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова.*+
8 Но кога ќе се случи тоа, ќе ви оставам остаток — оние што ќе избегаат од мечот меѓу народите, кога ќе се расеете по земјите.+ 9 Оние од вас што ќе избегаат ќе се сетат на мене меѓу народите во каде што ќе бидат одведени како заробеници,+ зашто многу ми е тешко поради нивното блудничко срце, кое се одврати од мене,+ и поради нивните очи кои прават блуд така што ги почитуваат нивните одвратни идоли.+ И ќе им се види на лицата дека се мразат самите себе поради злото што го направиле, поради сите нивни гадотии.+ 10 И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова. Не зборував залудно+ дека ќе им го направам сето тоа зло“ ‘.+
11 Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Плесни со рацете+ и тропни со ногата, па речи: „Леле!“, поради сите гадотии на домот на Израел,+ зашто ќе паднат од сечилото на мечот,+ од глад+ и од помор!+ 12 Кој ќе биде далеку,+ ќе умре од помор. Кој ќе биде близу, ќе падне од меч. Кој ќе остане и ќе се спаси од тоа, ќе умре од глад. Така ќе го излеам својот гнев врз нив.+ 13 И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова,+ кога нивните убиени ќе лежат меѓу нивните одвратни идоли,+ околу нивните жртвеници,+ на секој висок рид,+ на сите планински врвови+ и под секое зелено дрво+ и под секое разгрането стебло,+ на местата каде што им принесуваа благопријатен мирис на сите свои одвратни идоли.+ 14 Ќе ја подигнам својата рака на нив+ и ќе им ја претворам земјата во пустелија, во пустош полоша од пустината што се протега кон Дивлат, секаде каде што живеат. И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова‘ “.