4. Мојсеева
13 Јехова му рече на Мојсеј: 2 „Испрати луѓе да ја извидат ханаанската земја, која им ја давам на синовите на Израел.+ Испрати по еден човек од секое племе на нивните татковци; секој нека биде поглавар+ меѓу нив“.
3 И Мојсеј ги испрати од пустината Фаран+ на заповедта од Јехова. Сите тие луѓе беа поглавари на синовите на Израел. 4 А ова се нивните имиња: од племето на Рувим — Самуј, синот на Захур; 5 од племето на Симеон — Сафат, синот на Хори; 6 од племето на Јуда — Халев,+ синот на Јефониј; 7 од племето на Исахар — Игал, синот на Јосиф; 8 од племето на Ефрем — Осиј,+ синот на Навин; 9 од племето на Венијамин — Фалтиј, синот на Рафу; 10 од племето на Завулон — Гадиил, синот на Содиј; 11 од племето на Јосиф,+ за племето на Манасија+ — Гадиј, синот на Сусиј; 12 од племето на Дан — Амил, синот на Гемали; 13 од племето на Асер — Сетур, синот на Михаел; 14 од племето на Нефталим — Навиј, синот на Вопсиј; 15 од племето на Гад — Гуел, синот на Махи. 16 Тоа се имињата на луѓето што Мојсеј ги испрати да ја извидат земјата. А Осиј, синот на Навин, Мојсеј го нарече Исус.+
17 Кога ги испрати да ја извидат ханаанската земја, Мојсеј им рече: „Појдете во Негев,*+ па тогаш искачете се на ридовите.+ 18 Видете каква е земјата+ и каков е народот што живее во неа, дали е силен или е слаб, малоброен или многуброен; 19 каква е земјата во која живеат, дали е добра или лоша; во какви градови живеат, во логори или во утврдени градови; 20 и каква е почвата, дали е плодна или сиромашна,+ има ли на неа дрвја или нема. Бидете храбри+ и донесете од плодовите на таа земја“. А токму беше времето на првото грозје.+
21 Така заминаа да ја извидат земјата од пустината Зин+ до Рехов,+ на влезот во Емат.+ 22 Се искачија во Негев,+ а потоа дојдоа до Хеврон.+ Таму живееја Ахиман, Сесај и Талмај,+ потомци на Енак.+ А Хеврон+ беше изграден седум години пред Соан+ во Египет. 23 Кога дојдоа во долината* на Есхол,+ таму одрежаа ластар со грозд+ и двајца го понесоа на стап; понесоа и калинки+ и смокви. 24 На тоа место му го дадоа името долина на Есхол,*+ поради грозјето што го одрежаа таму синовите на Израел.
25 По четириесет дена+ се вратија од земјата што ја извидуваа. 26 Одејќи така, дојдоа кај Мојсеј и кај Арон и кај целата заедница од синови на Израел во Кадис,+ во пустината Фаран. Ним и на целата заедница им поднесоа извештај и им ги покажаа плодовите од онаа земја. 27 Го известија Мојсеј: „Отидовме во земјата во која нѐ испрати. Навистина во неа тече мед и млеко,+ а ова се нејзините плодови.+ 28 Но народот што живее во таа земја е силен, градовите се утврдени и многу големи.+ А ги видовме таму и потомците на Енак.+ 29 Амаличаните+ живеат на подрачјето на Негев,+ Хетејците, Евусејците+ и Аморејците+ живеат на ридовите, а Ханаанците+ живеат покрај морето и по должината на Јордан“.
30 Халев+ тогаш се обиде пред Мојсеј да го смири народот: „Да појдеме горе без колебање и да ја освоиме, зашто сигурно можеме да ја завладееме“.+ 31 Но луѓето што одеа со него рекоа: „Не можеме да одиме против оној народ зашто е посилен од нас“.+ 32 И почнаа да им зборуваат лошо+ на синовите на Израел за земјата што ја извидуваа: „Земјата низ која поминавме да ја извидиме е земја што ги проголтува своите жители. Сите луѓе што ги видовме во неа се луѓе со необично крупна става.+ 33 Таму видовме џинови, синови на Енак,+ од џиновски род.* Ни се чинеше дека спрема нив сме како скакулци, а такви им изгледавме и ние ним“.+