5. Мојсеева
3 Потоа се свртивме и отидовме по васанскиот пат. А васанскиот цар Ог+ излезе пред нас, тој и целиот негов народ, за да започне битка кај Едреј.+ 2 А Јехова ми рече: ‚Не плаши се од него,+ зашто во твои раце ќе ги предадам него, целиот негов народ и неговата земја. Направи му го истото што му го направи на аморејскиот цар Сихон,+ кој живееше во Есевон‘. 3 Така Јехова, нашиот Бог, ни го предаде в раце и васанскиот цар Ог со целиот негов народ, и така го напаѓавме што никој од неговите не остана жив.+ 4 Тогаш ги освоивме сите негови градови. Немаше град што не го зазедовме — шеесет градови,+ целиот арговски крај,+ царството на Ог во Васан.+ 5 Сите тие градови беа утврдени со високи ѕидишта, со врати и со резиња. Имаше и мошне многу неутврдени селски населби. 6 Но ние ги уништивме,*+ како што му направивме и на есевонскиот цар Сихон, убивајќи ги* во секој град мажите, жените и децата.+ 7 А сета стока и пленот од градовите ги запленивме за себе.+
8 Така, во тоа време ја зедовме земјата од рацете на двајцата аморејски цареви+ кои беа во јорданскиот крај, од долината на Арнон+ до планината Хермон+ 9 (Сидонците Хермон го нарекуваа Сирион,+ а Аморејците го нарекуваа Сенир),+ 10 сите градови на висорамнината, целиот Галад и целиот Васан дури до Салека+ и Едреј,+ градови во царството на Ог во Васан. 11 Зашто, васанскиот цар Ог беше последниот што преостана од Рефаимците.+ Гледај, неговиот одар е од железо.* Не е ли во Рава,+ градот на Амоновите синови? Долг е девет лакти,* а широк четири лакти, лакти човечки. 12 Тоа е земјата што ја зазедовме во тоа време. Подрачјето од Ароир,+ кое лежи покрај долината на Арнон, и половина од галадските планини со нивните градови им ги дадов на синовите на Рувим и на синовите на Гад.+ 13 Останатиот дел од Галад+ и цел Васан,+ царството на Ог, му го дадов на половината племе на Манасија. Зар не се вика целиот арговски крај,+ односно целиот Васан, земја на Рефаимците?+
14 Јаир,+ синот на Манасија, го зеде целиот арговски крај+ дури до границата со Гесурците+ и Макатците,+ и на освоените васански села им го даде своето име Авот-Јаир,*+ па така се викаат до ден-денес. 15 А на Махир+ му го дадов Галад.+ 16 На племето на Рувим+ и на племето на Гад им ја дадов земјата од Галад+ до долината на Арнон — граница е средината на долината — и до долината на Јавок, која е граница на синовите на Амон,+ 17 и Араба и граничното подрачје на Јордан од Кинерет+ до морето Араба, односно до Соленото Море,+ во подножјето на падините на Фасга+ кон исток.
18 Тогаш ви заповедав: ‚Јехова, вашиот Бог, ви ја даде во сопственост оваа земја. Сите вие, храбри мажи, појдете вооружени пред своите браќа, синовите на Израел.+ 19 Само вашите жени, вашите деца и вашата стока — знам дека имате многу стока — нека останат во вашите градови, кои ви ги дадов,+ 20 додека Јехова да им даде на вашите браќа да си отпочинат како и вие, така што и тие ќе ја заземат земјата која Јехова, вашиот Бог, им ја дава од онаа страна на Јордан. Потоа вратете се секој на својот имот што ви го дадов‘.+
21 Во тоа време му заповедав на Исус Навин:+ ‚Со свои очи виде сѐ што им направи Јехова, вашиот Бог, на оние двајца цареви. Јехова ќе им го направи истото на сите царства во кои ќе дојдеш.+ 22 Не плашете се од нив, зашто Јехова, вашиот Бог се бори за вас‘.+
23 Тогаш го замолив Јехова за милост: 24 ‚Севишен Господару Јехова! Ти почна да му ја покажуваш на својот слуга својата величина+ и својата силна рака.+ Зашто, кој бог на небото или на земјата прави дела какви што се твоите и кој е моќен како тебе?+ 25 Те молам, дозволи ми да преминам онаму и да ја видам онаа добра земја+ преку Јордан, тие прекрасни планини+ и Ливан‘.+ 26 Но Јехова и понатаму се гневеше на мене поради вас+ и не ме услиши. И Јехова ми рече: ‚Доста! Не зборувај ми повеќе за тоа! 27 Качи се на врвот на Фасга+ и погледни кон запад, кон север, кон југ и кон исток, па гледај со очите, зашто преку овој Јордан нема да минеш.+ 28 И постави го+ Исус Навин за водач, охрабри го и зајакни го, зашто тој ќе премине онаму+ на чело на овој народ и тој ќе им ја предаде во наследство земјата што ќе ја видиш‘.+ 29 Така останавме во долината спроти Вет-Фегор.+