Судиите
17 Во ефремските планини+ живееше еден човек, кој се викаше Миха. 2 Еднаш на својата мајка ѝ рече: „Тие илјада и сто сребреници што ти беа украдени и поради кои изрече клетва,+ така што и јас ја чув, еве, тоа сребро е кај мене. Јас го зедов“.+ Тогаш мајка му му рече: „Јехова нека го благослови мојот син!“+ 3 Тогаш ѝ ги врати на мајка си тие илјада и сто сребреници,+ а мајка му рече: „На Јехова ќе му го посветам среброто од својата рака за својот син, за да се направи режан лик+ и излеана статуа.+ Затоа сега ти го враќам“.
4 Тој ѝ го врати среброто на мајка си, а таа зеде двесте сребреници и му ги даде на сребрарот.+ И тој направи режан лик+ и излеана статуа,+ кои стоеја во куќата на Миха. 5 А тој Миха имаше куќа за богови.+ И направи свештенички ефод+ и домашни идоли,+ а еден од своите синови го овласти*+ да му служи како свештеник.+ 6 Во тоа време немаше цар во Израел.+ Секој го правеше она што сметаше дека е исправно.+
7 А имаше еден млад човек од Витлеем+ во Јуда, левит+ кој некое време живееше во племето на Јуда. 8 Тој човек замина од градот Витлеем во Јуда за да најде место каде што ќе живее некое време. Така на својот пат дојде во ефремските планини до куќата на Миха.+ 9 А Миха го праша: „Од каде доаѓаш?“ Тој му одговори: „Јас сум левит од Витлеем во Јуда и патувам за да најдам место каде што ќе живеам некое време“. 10 А Миха му рече: „Остани кај мене и биди ми татко+ и свештеник,+ а јас ќе ти давам по десет сребреници годишно, како и свештеничка облека и храна!“ И левитот влезе кај него. 11 Така левитот реши да остане кај него, и тој младич му беше како еден од неговите синови. 12 Потоа Миха го овласти+ левитот да му служи како свештеник.+ И младичот живееше во куќата на Миха. 13 А Миха рече: „Сега знам дека Јехова ќе ми направи добро, зашто имам левит за свештеник“.+