2. Самоилова
14 А Јоав,+ синот на Серуја,+ забележа дека срцето на царот се приклони кон Авесалом.+ 2 Тогаш Јоав испрати слуги во Текоја+ за да му доведат оттаму една мудра жена,+ па ѝ рече: „Преправи се дека жалиш, облечи се во облека за жалење и немој да се мачкаш со масло,+ туку биди како жена која веќе долго време жали за умрен.+ 3 Потоа оди кај царот и кажи му така и така“. И Јоав ѝ кажа што ќе зборува.+
4 И жената од Текоја дојде пред царот, падна ничкум, со лицето до земја,+ и рече: „Помогни,+ царе!“ 5 Тогаш царот ја праша: „Што ти се случило?“ А таа одговори: „Еве, јас сум вдовица,+ ми умре мажот. 6 Твојата слугинка имаше два сина. Еднаш тие се скараа во полето,+ а немаше кој да ги раздвои.+ На крајот едниот од нив го удри другиот и го уби. 7 И сега се подигна сиот род против твојата слугинка, велејќи: ‚Предај ни го оној што го уби својот брат, да го погубиме за животот на неговиот брат+ кого го уби+ и да го истребиме наследникот!‘ Тие ќе го изгаснат жарот што ми преостана и нема да му остават на мојот маж ни име ни потомство на земјата“.+
8 Тогаш царот ѝ рече на жената: „Оди си во својата куќа, а јас ќе заповедам да ти се направи тоа што треба“.+ 9 А жената од Текоја му рече на царот: „Господару мој, царе, врз мене и врз домот на мојот татко нека падне вината,+ а царот и неговиот престол нека бидат недолжни!“ 10 Царот потоа продолжи: „Ако ти каже некој нешто, доведи го кај мене и повеќе нема да те гибне!“ 11 А таа рече: „Те молам, царот нека се сети на Јехова, својот Бог,+ за одмаздникот за крв+ да не направи уште поголемо зло и да ми го погуби и другиот син!“ Тој одговори: „Како што е жив Јехова,+ ни влакно од главата+ на син ти нема да падне на земја!“ 12 Но жената продолжи: „Те молам, дозволи ѝ на твојата слугинка+ да му каже уште еден збор+ на својот господар, царот“. А тој одговори: „Зборувај!“+
13 И жената продолжи: „Тогаш зошто донесе таква одлука+ против Божјиот народ?+ Кога царот зборува така, како самиот себе да се осудува+ за тоа што не го доведе назад оној кого го протера.+ 14 Зашто, сите ќе умреме+ и ќе бидеме како вода што се пролева на земја и повеќе не може да се собере. Но Бог не одзема живот,*+ туку овозможил оној што е протеран да не остане таков пред него. 15 А јас дојдов да му го кажам ова на царот, својот господар, зашто луѓето ме исплашија. Затоа твојата слугинка си помисли: ‚Морам да зборувам со царот. Можеби царот ќе постапи според зборот на својата робинка. 16 Зашто, царот ја послуша својата робинка и вети дека ќе ја избави од раката на оној што сака мене и синот што ми остана да нѐ отстрани од наследството што ни го даде Бог‘.+ 17 Затоа твојата слугинка помисли: ‚Нека ме смири зборот на мојот господар, царот‘. Зашто, мојот господар, царот, е како ангел+ на вистинскиот Бог и разликува добро и зло.+ Јехова, твојот Бог, нека биде со тебе!“
18 Тогаш царот ѝ рече на жената: „Немој да го криеш од мене она за кое сега ќе те прашам!“+ А жената рече: „Нека зборува мојот господар, царот!“ 19 Тогаш царот ја праша: „Дали во сето ова е со тебе+ раката на Јоав?“+ А жената одговори: „Како што е жива твојата душа,+ господару мој, царе, не се може ни надесно ни налево од сето она што го кажа мојот господар, царот! Да, твојот слуга Јоав ми го заповеда ова и ѝ рече на твојата слугинка да го каже сето ова.+ 20 Твојот слуга Јоав го направи тоа за работите да изгледаат поинаку, но мојот господар е мудар како што е мудар ангелот+ на вистинскиот Бог и тој знае сѐ што се случува на земјата“.
21 Тогаш царот му рече на Јоав: „Еве, ќе го направам тоа.+ Оди и доведи го назад мојот син Авесалом!“+ 22 А Јоав падна ничкум, со лицето до земја, и го благослови царот.+ Потоа Јоав рече: „Твојот слуга денес знае дека нашол милост во твои очи,+ господару мој, царе, зашто царот постапи според зборот на својот слуга“. 23 Тогаш Јоав стана и отиде во Гесур,+ па го доведе Авесалом во Ерусалим.+ 24 Но царот рече: „Нека се врати во својата куќа, но не може да го види моето лице“.+ Така Авесалом се врати во својата куќа, но не го виде лицето на царот.
25 А во целиот Израел немаше човек кого толку го фалеа поради неговата убавина+ како Авесалом. Од стапалата до темето немаше недостаток на него. 26 Кога ја стрижеше косата — а ја стрижеше на крајот од секоја година зашто му беше претешка,+ па мораше да ја стриже — ја мереше косата од својата глава и беше тешка двесте сикли,* според царската мера.* 27 На Авесалом му се родија три сина+ и една ќерка, која се викаше Тамара. Таа беше многу убава жена.+
28 Авесалом живееше во Ерусалим две години, но не го виде лицето на царот.+ 29 Затоа Авесалом испрати по Јоав за да го прати кај царот, но тој не сакаше да дојде кај него. Испрати и втор пат по него, но тој пак не сакаше да дојде. 30 На крајот Авесалом им рече на своите слуги: „Знаете дека Јоав има нива покрај мојата, на која расте јачмен. Одете и запалете ја!“+ И слугите на Авесалом ја запалија нивата.+ 31 Тогаш Јоав стана и отиде кај Авесалом во неговата куќа, па го праша: „Зошто твоите слуги ја запалија мојата нива?“ 32 А Авесалом му рече на Јоав: „Еве, испратив по тебе и ти порачав: ‚Дојди ваму за да те пратам кај царот да му кажеш: „Зошто се вратив од Гесур?+ Подобро ќе ми беше да останев таму. Затоа сега сакам да го видам лицето на царот, па ако има на мене некаква вина,+ нека ме погуби!“ ‘ “
33 Јоав отиде кај царот и му го кажа сето тоа. Тогаш царот го повика Авесалом, кој дојде пред него и падна ничкум, со лицето до земја. И царот го бакна Авесалом.+