8 А изутрината беше вознемирен.*+ Затоа фараонот порача да ги викнат сите египетски свештеници што се занимаваа со магија+ и сите мудреци,+ па им ги раскажа своите соништа.+ Но не се најде никој што можеше да му ги протолкува на фараонот.
11 Соанските кезови+ се вистински безумници. Мудрите советници на фараонот даваат неразумни совети.+ Како можете да му речете на фараонот: „Јас сум син на мудреци, син на древни цареви“?
9 ‚А вие не слушајте ги своите пророци,+ ниту своите гаталци, ниту оние што сонуваат соништа,+ ниту оние што се занимаваат со магија, ниту своите маѓепсници,+ кои ви зборуваат: „Нема да му служите на вавилонскиот цар“!+
2 Затоа царот нареди да бидат повикани свештениците што се занимаваа со магија,+ оние што повикуваа духови, маѓепсниците и Халдејците за да му кажат на царот што сонувал.+ И тие дојдоа и застанаа пред царот.
8 И како што Јаниј и Јамвриј+ му се противеа на Мојсеј, така и овие ѝ се противат на вистината.+ Тоа се луѓе со потполно расипан ум,+ за кои нема место меѓу вистинските верници.+
8 А страшливците, безверните,+ валканите,+ убијците,+ блудниците,+ гаталците,* идолопоклониците+ и сите лажливци+ ќе завршат во езерото што гори со оган+ и сулфур.+ Тоа ја претставува втората смрт“.+