40 за синовите на Израел да си спомнуваат дека ниту еден човек од обичниот народ+ — никој што не му припаѓа на Ароновото потомство — не смее да пристапува за да пали темјан пред Јехова,+ за да не стане како Кореј и неговата дружина,+ како што му беше рекол Јехова преку Мојсеј.
19 Но жителите на Вет-Семес+ го гледаа ковчегот на Јехова и затоа тој ги уби. Така уби седумдесет луѓе од народот — педесет илјади луѓе* — и народот тагуваше зашто Јехова го удри народот со голем помор.+
16 Но кога стана моќен, срцето толку му се возгордеа+ што самиот себеси си направи зло.+ Му стана неверен на Јехова, својот Бог, и влезе во храмот на Јехова за да запали темјан на кадилниот жртвеник.+