8 Оттаму границата одеше горе до долината на Еномовиот син,+ до евусејската+ падина на југ, односно до Ерусалим.+ Потоа границата се искачуваше до врвот на планината што од запад гледа на долината на Еном, а таа планина се наоѓа на северниот крај од рефаимската долина.+
3 Гореше приноси+ во долината на Еномовиот син+ и ги гореше своите синови+ во оган, според одвратниот обичај+ на народите кои Јехова ги истера од пред синовите на Израел.+
31 Изградија обредни височинки во Тофет,+ кој е во долината на синовите на Еном,+ за да ги горат во оган своите синови и своите ќерки,+ нешто што никогаш не сум го заповедал, ниту некогаш ми дошло на ум‘.*+
22 А јас ви велам: секој што упорно се гневи+ на својот брат, ќе одговара+ пред суд. А оној што ќе го нарече својот брат со навредливо име, ќе одговара пред највисокиот суд. А оној што ќе му рече дека не заслужува да живее, и самиот би можел да се најде во огнот на геената.*+