18 А Аврам и понатаму живееше под шатори. Потоа дојде меѓу големите дрвја во Мамре,+ кое е кај Хеврон,+ и таму се насели. Таму му направи жртвеник на Јехова.+
27 И принеси ги своите жртви паленици,+ месото и крвта,+ на жртвеникот на Јехова, твојот Бог. Крвта на твоите жртви нека се пролее на подножјето од жртвеникот на Јехова,+ твојот Бог, а месото смееш да го јадеш.
24 Тогаш вие повикајте го името на својот бог,+ а јас ќе го повикам името на Јехова. Богот што ќе одговори со оган+ е вистинскиот Бог“.+ Тогаш целиот народ одговори: „Добро кажа!“