ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • 2. Мојсеева 20:17
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 17 Не посакувај ја куќата на својот ближен! Не посакувај ја жената на својот ближен,+ ниту неговиот роб, ниту неговата робинка, ниту неговиот бик, ниту неговото магаре, ниту што и да е друго кое му припаѓа на твојот ближен!“+

  • 5. Мојсеева 5:21
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 21 Не посакувај ја жената на својот ближен!+ Немој себично да копнееш по куќата на својот ближен, ни по неговата нива, ни по неговиот роб, ни по неговата робинка, ни по неговиот бик, ни по неговото магаре, ни по што и да е друго што му припаѓа на твојот ближен‘.+

  • Авакум 2:9
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 9 Тешко на оној што на злобен начин стекнува добивка за својата куќа+ за да го постави своето гнездо на високо, за да се избави кога ќе го притисне злото.+

  • Лука 12:15
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 15 Потоа им рече: „Бидете претпазливи, чувајте се од секаква лакомост,+ бидејќи, дури и кога некој има во изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува“.+

  • Римјаните 7:7
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 7 Тогаш, што да речеме? Дали Законот е грев?+ Никако! Но јас никогаш не би сфатил што е грев+ да не беше Законот. И не би сфатил што е страсна желба+ да не речеше Законот: „Не посакувај!“+

  • Јаков 1:14
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 14 Туку секого го искушува неговата желба, така што го привлекува и го мами.+

  • 2. Петрово 2:14
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 14 Очите им се полни со прељуба+ и не можат да го остават гревот.+ Ги мамат непостојаните души. Срцето им е извежбано во лакомство.+ Тие се проклети деца.+

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели