33 Зашто, нејзиниот Тофет+ е веќе подготвен, и приготвен е за самиот цар.+ Дрвата за нејзината клада ги наредил во длабока јама. Огнот е голем и има многу дрва. Јеховиниот здив, како порој од сулфур, го изгорува сето тоа.+
31 Изградија обредни височинки во Тофет,+ кој е во долината на синовите на Еном,+ за да ги горат во оган своите синови и своите ќерки,+ нешто што никогаш не сум го заповедал, ниту некогаш ми дошло на ум‘.*+
6 ‚Затоа, еве, доаѓаат денови‘, вели Јехова, ,кога ова место повеќе нема да се нарекува Тофет+ и долина на Еномовите синови,+ туку долина на убивањето.
11 И кажи им: ‚Вака вели Јехова над војските: „Така ќе го скршам овој народ и овој град, како што се крши грнчарски сад, па не ќе може повеќе да се поправи.+ Во Тофет+ ќе се вршат погреби сѐ додека не снема место за погребување“ ‘.+