13 Уште и се побуни+ против цар Навуходоносор, кој го беше заколнал во Бог.+ Остана непокорен*+ и срцето му отврдна,+ па не се врати кај Јехова, Богот на Израел.
12 Сите тие зборови му ги кажав+ на Седекија,+ царот на Јуда, велејќи: „Ставете го својот врат под јаремот на вавилонскиот цар и служете му нему и на неговиот народ, и ќе останете живи!+
17 А Еремија му рече на Седекија: „Вака вели Јехова, Богот над војските,+ Богот на Израел:+ ‚Ако излезеш пред кнезовите на вавилонскиот цар,+ твојата душа ќе остане жива, а овој град нема да биде изгорен со оган. Ќе останете живи и ти и твојот дом.+
15 Но овој се побуни+ против него испраќајќи ги своите гласници во Египет, барајќи од него коњи+ и многу луѓе. Дали ќе успее? Дали ќе избега оној што прави така и го раскина сојузот? Ќе избега ли навистина?‘+