10 Така ќе биде кога ќе го послушаш гласот на Јехова, својот Бог, држејќи ги неговите заповеди и неговите одредби запишани во оваа книга на законот,+ и кога ќе се вратиш кај Јехова, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.+
3 И Самоил му рече на целиот Израелов дом: „Ако му се враќате на Јехова со сето свое срце,+ отстранете ги од својата средина туѓите богови+ и Астартите,+ па решително насочете го своето срце кон Јехова и служете му само нему!+ И тој ќе ве избави од филистејската рака“.+
13 Раскинете ги срцата,+ а не облеката!+ Вратете се кај Јехова, вашиот Бог, зашто тој е милостив и милосрден,+ бавен на гнев+ и полн со милост,*+ и ќе му биде жал поради несреќата.+
7 Од деновите на вашите прататковци отстапувате од моите уредби и не се држите за нив.+ Вратете се кај мене, и јас ќе се вратам кај вас“,+ вели Јехова над војските.