36 А на неговиот син ќе му дадам едно племе за да има мојот слуга Давид секогаш светилка пред мене во Ерусалим,+ градот што си го избрав за да престојува во него моето име.+
2 И Јеровоам ѝ рече на својата жена: „Те молам, стани и преправи се,+ за да не те препознаат дека си жената на Јеровоам, па појди во Сило. Ете, таму е пророкот Ахија.+ Тој ми рече дека ќе станам цар над овој народ.+
10 Затоа, еве, ќе му нанесам неволја на домот на Јеровоам и ќе му сотрам на Јеровоам сѐ што е машко,*+ дури и најмалите и безвредните во Израел,+ и ќе го изметам домот на Јеровоам+ како што се чисти измет додека не се отстрани сосема.+