-
Естира 3:12Свето писмо — превод Нов свет
-
-
12 Во првиот месец, на тринаесеттиот ден од тој месец, беа свикани царските писари+ и беше составен запис+ за сето она што им го заповеда Аман на царските сатрапи,* на управителите што беа над покраините+ и на кнезовите на различните народи, за секоја покраина со нејзиното писмо+ и за секој народ на неговиот јазик. Сѐ беше напишано во името+ на цар Ахасвер и запечатено со царевиот печатен прстен.+
-
-
Естира 8:5Свето писмо — превод Нов свет
-
-
5 па рече: „Ако му е по волја на царот и ако сум ја стекнала неговата наклоност,+ ако молбата му се чини исправна и ако сум мила во негови очи, писмено нека се поништат писмата,+ заговорот на Аман, синот на Амедата од племето на Агаг,+ кои ги напиша за да ги уништи Евреите+ што живеат по сите покраини на царот.+
-