10 Пејте му на Јехова нова песна,+ фалба за него од крајот на земјата,+ вие што живеете од морето+ и од сѐ што е во него, вие острови и вие што живеете на нив!+
9 И му пееја на Јагнето нова песна:+ „Достоен си да го земеш свитокот и да ги отвориш неговите печати, зашто беше заклан и со својата крв+ купи+ за Бог луѓе+ од секое племе и јазик и народ и народност,