18 А еден од неговите слуги одговори: „Еве, видов дека еден од синовите на Јесеј од Витлеем знае добро да свири.+ Тој е храбар човек, јунак+ и воин,+ а покрај тоа и мудро зборува,+ има убава става+ и Јехова е со него“.+
23 Кога ќе се побараше совет од Ахитофел во она време, тоа беше како да се бара совет од вистинскиот Бог. Таков беше секој совет+ на Ахитофел,+ како за Давид така и за Авесалом.
14 Тој беше син на една вдовица од племето на Нефталим, а татко му беше од Тир+ и работеше со бакар.+ Хирам беше многу мудар и разборит+ и знаеше да изработува секакви предмети од бакар. Така тој дојде кај цар Соломон и му ја заврши целата работа.