21 Ете, се надеваш на поддршката од Египет,+ скршената трска,+ која му ја продупчува дланката на оној што ќе се потпре на неа. Таков е фараонот,+ египетскиот цар, за сите што се надеваат на него.
31Тешко на оние што слегуваат во Египет за помош,+ кои се потпираат на коњите+ и имаат доверба во бојните коли,+ зашто се многубројни, и на бојните коњи, зашто се силни, а не гледаат на Израеловиот Светец, не го бараат Јехова!+
3 Египќаните се земни луѓе,+ а не Бог. Нивните коњи се месо,+ а не дух. Јехова ќе ја подигне раката, па ќе се сопне оној што помага и ќе падне оној кому му помагаат+ — во исто време ќе загинат сите.
11 Ќе дојде и ќе удри на египетската земја.+ Секој што е за смртоносен помор, ќе умре од помор. Секој што е за заробеништво, ќе отиде во заробеништво. Секој што е за меч, ќе падне од меч.+