ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • 2. Мојсеева 15:11
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 11 Кој меѓу боговите е како тебе, о Јехова?+

      Кој е како тебе, кого го краси голема светост?+

      Со песни на фалба+ треба да покажуваме страв од тебе,+ ти правиш чудесни дела.+

  • Псалми 71:22
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 22 И јас ќе те фалам со псалтир,+

      поради твојата вистинољубивост, Боже мој.+

      Ќе ти свирам на харфа, Светецу Израелов.+

  • Исаија 5:24
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 24 Затоа, како што огнените јазици го проголтуваат стрништето+ и како што во пламенот исчезнува сувата трева, така нивниот корен+ ќе стане како смрдлив гнилеж и нивниот цвет ќе се разлета како прав, зашто го отфрлија законот на Јехова над војските+ и ја презреа речта на Израеловиот Светец.+

  • Исаија 10:20
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 20 Во тој ден остатокот на Израел+ и преживеаните од домот на Јаков повеќе нема да се потпираат на оној што ги удира,+ туку вистински ќе се потпираат на Јехова, Светецот Израелов.+

  • Еремија 51:5
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 5 Израел и Јуда+ не се како вдовици, зашто не ги оставил нивниот Бог, Јехова над војските.+ Голема вина има земјата на Халдејците во очите на Светецот на Израел.+

  • Езекиел 39:7
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 7 И ќе го објавам моето свето име среде мојот народ Израел и повеќе нема да дозволам да се осквернува моето свето име.+ И тогаш народите ќе знаат дека јас сум Јехова,+ Светецот во Израел.‘+

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели