21 Таму ќе пладнуваат животни што живеат во безводен крај, бувови+ ќе ги населат куќите на некогашните негови жители. Ноеви ќе живеат таму, демони со јарешки лик* ќе потскокнуваат таму.+
39 Затоа, таму ќе се населат животни што живеат во безводни подрачја и животни што завиваат, и ноевите ќе живеат во него.+ Никогаш повеќе нема да биде населен, ќе го нема повеќе во ниту едно идно поколение.“+
25 „Еве, доаѓам против тебе,+ погубна планино“,+ вели Јехова, „што ја уништуваш целата земја!+ Ќе ја кренам раката против тебе, ќе те стркалам од стрмните карпи над кои се воздигаш, и ќе те претворам во изгорена планина.“+
62 И речи: ‚О Јехова, ти зборуваше против ова место, дека ќе го уништиш, така што во него нема да има жители,+ ни луѓе ни стока, туку ќе биде пустош довека‘.
2 И извика со силен глас:+ „Падна, падна блудницата Големиот Вавилон+ и стана живеалиште на демони, извор на секаква нечиста смрдеа+ и скривалиште на сите нечисти и омразни птици!+