19 Твојата злоба нека те поучи,+ твоите неверни дела нека те укорат!+ Сфати и увиди дека е зло и горчливо+ тоа што ме остави мене, Јехова, својот Бог, и не се исплаши од мене поради тоа‘,+ вели Севишниот+ Господар, Јехова над војските.
21 На разгазените патеки се чуја плачот и сесрдните молби на Израеловите синови. Зашто, тие ги расипаа своите патишта,+ го заборавија Јехова, својот Бог.+
19 О Јехова, сило моја и тврдино моја, засолниште мое во денот на неволја,+ кај тебе ќе дојдат народите од краиштата на земјата,+ и ќе речат: „Навистина нашите татковци имаа лажни богови,*+ ништожни, од кои нема никаква корист“.+
13 О Јехова, надеж на Израел,+ сите што те оставаат ќе бидат посрамени.+ Оние што отстапуваат од тебе*+ ќе бидат запишани во земниот прав, зашто го оставија изворот на жива вода, Јехова.+