15 Јехова, Богот на нивните прататковци, непрестајно ги опоменуваше преку своите гласници,+ зашто му беше жал за својот народ+ и за своето живеалиште.+
13 Затоа што ги направивте сите тие недела‘, вели Јехова, ‚и затоа што ви зборував, станував рано и ви зборував,+ но не слушавте,+ и ве повикував, но не се оѕвавте,+
7 Зашто, сериозно ги опоменував вашите татковци од денот кога ги изведов од египетската земја+ до ден-денес, станував рано и ги опоменував: „Слушајте го мојот глас!“+
10 Тие злобни луѓе, кои не сакаат да ги послушаат моите зборови,+ и се поведуваат по своето тврдокорно срце,+ и одат по други богови, им служат и им се клањаат,+ ќе станат како тој појас, кој веќе за ништо не чини‘.