ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • 1. Царевите 9:8
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 8 Од овој дом ќе останат само урнатини.+ Секој што ќе помине покрај него ќе остане вчудовиден,+ па во чудо ќе потсвирнува и ќе праша: ‚Зошто им направи Јехова такво нешто на оваа земја и на овој дом?‘+

  • 2. Царевите 25:9
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 9 Тој ги запали Јеховиниот дом,+ царскиот дворец+ и сите куќи во Ерусалим.+ Куќите на сите големци ги изгоре во оган.+

  • 2. Летописи 7:21
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 21 Од овој дом ќе останат само урнатини+ и секој што ќе помине покрај него вчудовидено+ ќе праша: ‚Зошто им направи Јехова такво нешто на оваа земја и на овој дом?‘+

  • 2. Летописи 36:19
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 19 И го запали домот на вистинскиот Бог+ и ги урна ѕидиштата+ на Ерусалим. Сите утврдени дворци ги изгоре во оган, а и сите скапоцености во нив,+ и така уништи сѐ.+

  • Псалми 74:8
    Свето писмо — превод Нов свет
    •  8 Тие, заедно со своето потомство, си рекоа во срцето:

      „Сите Божји места за средби во земјата треба да се запалат“.+

  • Псалми 79:1
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 79 Боже, народите дојдоа во твоето наследство,+

      го осквернија твојот свет храм,+

      а Ерусалим го претворија во урнатини.+

  • Еремија 26:18
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 18 „Михеј+ од Моресет+ пророкуваше во деновите на Езекија, царот на Јуда,+ и му рече на сиот народ на Јуда: ‚Вака вели Јехова над војските: „Сион ќе биде преоран како нива+ и од Ерусалим ќе останат само урнатини,+ а гората на Божјиот дом ќе биде обрасната со шума“ ‘.+

  • Плач Еремиин 2:7
    Свето писмо — превод Нов свет
    •  7 Јехова го отфрли својот жртвеник,+ со презир го отфрли своето светилиште.+

      Ги предаде во рацете на непријателите ѕидовите на неговите утврдени дворци.+

      Во домот Јеховин пуштија глас како на празничен ден.+

  • Езекиел 24:21
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 21 ‚Речи му на домот Израелов: „Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе го осквернам своето светилиште,+ она на кое многу се гордеете,+ она што им е мило на вашите очи+ и мило на вашата душа, а вашите синови и вашите ќерки, кои ги оставивте, ќе паднат од меч.+

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели