5 Ги распушти свештениците на туѓите богови, кои царевите на Јуда ги поставија за да горат приноси на обредните височинки во градовите на Јуда и во околината на Ерусалим, а исто и оние што им гореа приноси на Ваал,+ на сонцето, на месечината, на соѕвездијата* и на сета небесна војска.+
9 Можете ли да крадете,+ да убивате,+ да вршите прељуба,+ лажно да се заколнувате,+ на Ваал приноси да му горите+ и да одите по други богови, кои порано не ги познававте,+
5 И му изградија обредни височинки на Ваал за да ги горат своите синови во оган, принесувајќи му ги на Ваал+ како жртви паленици, а јас тоа никогаш не сум го заповедал, ниту сум зборувал за тоа,+ ниту, пак, некогаш такво нешто ми дошло на ум“ ‘.*+