5 Немој да им се клањаш, ниту да им служиш,+ зашто јас сум Јехова, твојот Бог, Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему.*+ Поради престапите на татковците ги казнувам синовите, до третото и до четвртото поколение на оние што ме мразат,+
15 зашто Јехова, твојот Бог, кој е среде тебе, е Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему+ — за да не се разгори против тебе гневот на Јехова, твојот Бог,+ и да не те истреби од лицето на земјата.+
19 Тогаш Исус Навин му рече на народот: „Вие не можете да му служите на Јехова, бидејќи тој е свет Бог,+ Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему.+ Тој нема да ви ги простува бунтовничките престапи и гревовите.+
17 Тогаш ја облече праведноста како оклоп,+ на главата си го стави шлемот на спасението.+ Ги облече облеките на одмаздата+ како да се руво и се наметна со ревноста како со наметка.+
25 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Сега ќе го вратам заробениот народ на Јаков+ и ќе му се смилувам на сиот дом на Израел.+ И верно ќе го бранам моето свето име.+