7 кој ја чува својата милост за илјадници,+ простува престап, вина и грев,+ но не ослободува од казна,+ зашто, поради престапите на татковците, ги казнува синовите и внуците до третото и до четвртото колено“.+
17 Не сакаа да слушаат+ и не се сеќаваа+ на чудесните дела што ги направи за нив, туку станаа непокорни+ и си поставија водач+ за да се вратат во ропството во Египет. Но, ти си Бог кој простува,+ кој е добар+ и милосрден,+ бавен на гнев+ и полн со милост,*+ и не ги остави.+
18 „Дојдете да расчистиме и јас ќе ви помогнам да се помирите со мене“, вели Јехова.+ „Ако бидат вашите гревови како црвено платно, ќе станат бели како снег;+ ако бидат румени како пурпур, ќе станат како волна.
22 Ќе ги избришам твоите престапи, и ќе биде како да ги скрил облак,+ и гревовите, како да ги скриле облаци. Врати се кај мене,+ зашто јас ќе те откупам!+
20 „Во тие денови и во тоа време,“+ вели Јехова, „ќе го бараат престапот на Израел,+ но ќе го нема, и гревовите на Јуда,+ но нема да ги најдат, зашто ќе им простам на оние што ќе ги оставам.“+