27 А царството, власта и величието на царствата под целото небо му беа дадени на народот кој го сочинуваат светите слуги на Севишниот.+ Нивното царство е вечно царство,+ и сите власти ќе им служат и ќе им бидат послушни‘.+
28 И така, бидејќи треба да добиеме царство кое не може да се затресе,+ да останеме достојни на Божјата незаслужена доброта, преку која можеме да му служиме* на Бог така како што е по негова волја, со страв и со страхопочит.+
5 Слушајте, браќа мои сакани. Зарем Бог не ги избра оние што се сиромашни+ во светот за да бидат богати+ во верата и наследници на царството, кое им го вети на оние што го сакаат?+