ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Исус Навин 3
  • Свето писмо — превод Нов свет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

Исус Навин 3:1

Паралелни стихови

  • +4Мо 25:1; ИсН 2:1

Исус Навин 3:2

Паралелни стихови

  • +ИсН 1:11
  • +5Мо 1:15; 20:5; 31:28; ИсН 1:10

Исус Навин 3:3

Паралелни стихови

  • +4Мо 4:15; 5Мо 31:9; 1Ле 15:2

Исус Навин 3:4

Фусноти

  • *

    Нешто помалку од 900 метри. Види ја фуснотата за Де 1:12.

Паралелни стихови

  • +2Мо 19:12

Исус Навин 3:5

Паралелни стихови

  • +2Мо 19:10; 3Мо 20:7
  • +2Мо 34:10; Пс 72:18; 86:10

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/4/2001, стр. 4

Исус Навин 3:6

Паралелни стихови

  • +2Мо 25:10; 4Мо 4:15

Исус Навин 3:7

Паралелни стихови

  • +ИсН 4:14
  • +5Мо 31:8; ИсН 1:5, 17
  • +2Мо 3:12; 14:31

Исус Навин 3:8

Паралелни стихови

  • +ИсН 1:18
  • +ИсН 3:17

Исус Навин 3:10

Паралелни стихови

  • +2Мо 17:7; 3Мо 26:11; 4Мо 11:20; 5Мо 7:21
  • +2Мо 3:8; 5Мо 7:1; Пс 24:1; 44:2; Зх 4:14

Исус Навин 3:12

Паралелни стихови

  • +ИсН 4:2

Исус Навин 3:13

Паралелни стихови

  • +2Мо 15:8; Пс 114:3

Исус Навин 3:14

Паралелни стихови

  • +2Мо 25:10; ИсН 3:6; Де 7:45

Исус Навин 3:15

Паралелни стихови

  • +ИсН 4:18; 1Ле 12:15

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    1/12/2004, стр. 9

Исус Навин 3:16

Паралелни стихови

  • +ИсН 3:13
  • +1Ца 7:46
  • +1Мо 14:3; 4Мо 34:3; 5Мо 3:17; ИсН 12:3

Исус Навин 3:17

Паралелни стихови

  • +ИсН 4:3; 2Ца 2:8
  • +Пс 66:6

Други стихови

Ис. Нав. 3:14Мо 25:1; ИсН 2:1
Ис. Нав. 3:2ИсН 1:11
Ис. Нав. 3:25Мо 1:15; 20:5; 31:28; ИсН 1:10
Ис. Нав. 3:34Мо 4:15; 5Мо 31:9; 1Ле 15:2
Ис. Нав. 3:42Мо 19:12
Ис. Нав. 3:52Мо 19:10; 3Мо 20:7
Ис. Нав. 3:52Мо 34:10; Пс 72:18; 86:10
Ис. Нав. 3:62Мо 25:10; 4Мо 4:15
Ис. Нав. 3:7ИсН 4:14
Ис. Нав. 3:75Мо 31:8; ИсН 1:5, 17
Ис. Нав. 3:72Мо 3:12; 14:31
Ис. Нав. 3:8ИсН 1:18
Ис. Нав. 3:8ИсН 3:17
Ис. Нав. 3:102Мо 17:7; 3Мо 26:11; 4Мо 11:20; 5Мо 7:21
Ис. Нав. 3:102Мо 3:8; 5Мо 7:1; Пс 24:1; 44:2; Зх 4:14
Ис. Нав. 3:12ИсН 4:2
Ис. Нав. 3:132Мо 15:8; Пс 114:3
Ис. Нав. 3:142Мо 25:10; ИсН 3:6; Де 7:45
Ис. Нав. 3:15ИсН 4:18; 1Ле 12:15
Ис. Нав. 3:16ИсН 3:13
Ис. Нав. 3:161Ца 7:46
Ис. Нав. 3:161Мо 14:3; 4Мо 34:3; 5Мо 3:17; ИсН 12:3
Ис. Нав. 3:17ИсН 4:3; 2Ца 2:8
Ис. Нав. 3:17Пс 66:6
  • Свето писмо — превод Нов свет
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
Свето писмо — превод Нов свет
Исус Навин 3:1-17

Исус Навин

3 А рано изутрината, Исус Навин стана, па тој и сите синови на Израел тргнаа од Ситим+ и дојдоа до Јордан. Таму ја минаа ноќта пред да преминат.

2 На крајот од третиот ден,+ управителите+ минаа среде логорот 3 и му заповедаа на народот: „Штом ќе го видите ковчегот на сојузот на Јехова, својот Бог, и левитските свештеници како го носат,+ тргнете и вие од своето место и следете го 4 за да го знаете патот по кој треба да одите, зашто не сте оделе по тој пат никогаш. Само внимавајте помеѓу вас и ковчегот да има растојание од околу две илјади лакти*+ и не приближувајте му се!“

5 Потоа Исус Навин му рече на народот: „Посветете се,+ зашто утре Јехова ќе направи чудесни дела меѓу вас!“+

6 На свештениците, пак, Исус Навин им рече: „Земете го ковчегот на сојузот+ и појдете пред народот!“ И тие го зедоа ковчегот на сојузот и тргнаа пред народот.

7 А Јехова му рече на Исус Навин: „Денес почнувам да те возвишувам во очите на целиот Израел,+ за да знаат дека ќе бидам со тебе+ како што бев со Мојсеј.+ 8 А ти вака заповедај им+ на свештениците што го носат ковчегот на сојузот: ‚Штом ќе дојдете до работ на јорданските води, влезете во Јордан и застанете+ мирно!‘ “

9 Тогаш Исус Навин им рече на синовите на Израел: „Пристапете овде и чујте ги зборовите на Јехова, својот Бог!“ 10 Потоа Исус рече: „По ова ќе знаете дека живиот Бог е меѓу вас+ и дека навистина ќе ги истера од пред вас Ханаанците, Хетејците, Евејците, Ферезејците, Гергесејците, Аморејците и Евусејците.+ 11 Еве, ковчегот на сојузот на Господарот на целата земја ќе влезе пред вас во Јордан. 12 Затоа сега доведете дванаесет луѓе од Израеловите племиња, по еден човек од секое племе!+ 13 И штом свештениците што го носат ковчегот на Јехова, Господарот на целата земја, ќе стапнат со нозете во јорданските води, водата на Јордан ќе престане да тече, онаа вода што доаѓа одозгора, и ќе стои на едно место како ѕид“.+

14 И народот тргна од своите шатори за да го премине Јордан, а свештениците го понесоа ковчегот+ на сојузот пред народот. 15 И штом носачите на ковчегот дојдоа до Јордан, штом нозете на свештениците што го носеа ковчегот загазија во водата на работ од реката — а Јордан се прелева насекаде преку своите брегови+ во сите денови додека трае жетвата — 16 водата што течеше одозгора застана. Застана како ѕид на едно место,+ многу далеку оттаму, кај Адам, град покрај Сартан.+ А водата што течеше кон морето Араба, кон Соленото Море,+ сосема истече. Престана да тече, и народот преминуваше спроти Ерихон. 17 А свештениците што го носеа ковчегот на Јеховиниот сојуз мирно стоеја на суво+ среде Јордан, додека целиот Израел преминуваше по сува земја,+ и така останаа сѐ додека не премина преку Јордан целиот народ.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели