17 А Израел ќе биде спасен+ со вечно спасение+ бидејќи е во заедништво со Јехова. Вие нема да се посрамите+ и нема да бидете понижени+ довека, во сета вечност.
6 Тој рече: „Не е малку тоа што си мој слуга кој ќе ги крене племињата на Јаков и ќе ги доведе назад зачуваните синови на Израел.+ А те поставив и за светлина на народите,+ за да допре моето спасение до крајот на земјата“.+
11 Поради страдањето на својата душа, тој ќе ги види плодовите на својот труд+ и ќе биде задоволен со нив.+ Со своето знаење праведникот, мојот слуга,+ ќе им даде праведност на мнозина,+ и нивните престапи ќе ги земе врз себе.+