105 Благодарете му на Јехова, повикувајте го неговото име,+
објавувајте ги меѓу народите неговите дела!+
2 Пејте му, фалете го со песна,+
размислувајте за сите негови чудесни дела!+
3 Гордејте се со неговото свето име!+
Нека се радува срцето на оние што го бараат Јехова!+
4 Барајте го Јехова и неговата сила!+
Постојано барајте го неговото лице!+
5 Сеќавајте се на чудесните дела што ги направи,+
на неговите чуда и на законите од неговата уста,+
6 вие, потомство на Авраам, неговиот слуга,+
синови на Јаков, негови избраници!+
7 Тој е Јехова, нашиот Бог.+
Неговите закони се по целата земја.+
8 Тој довека ќе се сеќава на својот сојуз,+
низ илјада поколенија — на речта што ја заповеда,+
9 на сојузот што го склучи со Авраам+
и на заклетвата што му ја даде на Исак,+
10 која му ја постави како уредба на Јаков,
како траен сојуз на Израел,+
11 велејќи: „Тебе ќе ти ја дадам ханаанската земја,+
како дел од вашето наследство“.+
12 Тоа беше кога сѐ уште беа малобројни,+
кога беа многу малку и кога во неа беа дојденци.+
13 И одеа од народ до народ,+
од едно царство кај друг народ.+
14 На ниту еден човек не му дозволи да ги измами,+
туку поради нив укоруваше цареви,+
15 велејќи: „Не допирајте ги моите помазаници,+
не правете им зло на моите пророци!“+
16 Повика глад на земјата;+
ги уништи сите резерви од леб.+
17 Пред нив испрати човек,
кој беше продаден во ропство, Јосиф.+
18 Со пранги му ги стегнаа нозете,+
во железни синџири се најде душата негова.+
19 До времето кога се исполни изговорената реч,+
Јеховината реч го пречисти.+
20 Царот тогаш прати по него да го ослободат,+
владетелот на народите — за да го пуштат.
21 Го постави за господар на својот дом+
и за владетел над целиот свој имот,+
22 за да ги врзе неговите кнезови по волјата на својата душа+
и да ги учи на мудрост дури и неговите старци.+
23 И Израел дојде во Египет,+
Јаков се насели во земјата на Хам.+
24 А Бог го направи својот народ многу плоден,+
сѐ додека не го направи помоќен од неговите непријатели.+
25 Го сврти нивното срце за да го замразат неговиот народ,+
за лукаво да се нафрлат на неговите слуги.+
26 Ги испрати Мојсеј, својот слуга,+
и Арон, кого го избра.+
27 Тие им ги покажаа неговите знаци,+
и чудата во земјата на Хам.+
28 Ја испрати темнината и падна мрак.+
И тие не се побунија против неговите зборови.+
29 Нивните води ги претвори во крв+
и ги помори рибите во нив.+
30 Нивната земја вриеше од жаби,+
како и одаите на нивните цареви.
31 Рече да дојдат коњски муви,+
комарци во сите нивни краишта.+
32 Нивните дождови ги претвори во град,+
во огнен пламен по нивната земја.+
33 И ги удри нивните лози и смокви
и ги скрши дрвјата во нивните краишта.+
34 Рече да дојдат скакулци,+
млади скакулци, безбројни.+
35 И ги изедоа сите растенија во нивната земја,+
ги изедоа и плодовите во нивното поле.
36 Потоа тој уби сѐ што беше првородено во нивната земја,+
сите нивни првородени.+
37 Го изведе својот народ со сребро и со злато.+
Во неговите племиња никој не се сопнуваше по патот.
38 Египет се израдува на нивното заминување,
зашто го обзеде страв од нив.+
39 А Бог го распростре облакот како завеса+
и даде оган за да свети ноќе.+
40 Замолија, и им донесе потполошки,+
и со леб од небото ги наситуваше.+
41 Отвори карпа, и бликнаа води,+
потекоа низ безводните краишта како река.+
42 Зашто, се сети на светиот збор што му го даде на Авраам, својот слуга.+
43 И го изведе својот народ со веселба,+
своите избраници со радосно воскликнување.+
44 И им ја даде земјата на другите народи,+
ги земаа плодовите од трудот на другите народи,+
45 за да се придржуваат кон неговите уредби+
и да ги држат неговите закони.+
Фалете го Јах!+