Молитва на страдалникот кога е потиштен и ги излева своите грижи пред Јехова.+
102 О Јехова, слушни ја мојата молитва,+
и мојот повик нека дојде кај тебе.+
2 Не свртувај го од мене лицето во денот кога сум на голема мака.+
Приклони го кон мене своето уво;+
во денот кога ќе те повикам, побрзај, услиши ме!+
3 Зашто, моите денови исчезнуваат како дим+
и моите коски се усвитени како огниште.+
4 Моето срце венее како трева и се суши,+
зашто заборавив да го јадам својот леб.+
5 Поради моите воздишки,+
од мене останаа само коски и кожа.+
6 Личам на пеликан во пустелија.+
Станав како був што живее на пусти места.
7 Испиен сум,
станав како самотна птица на покрив.+
8 Моите непријатели ме срамотат по цел ден.+
Оние што од мене прават будала, дури со моето име изрекуваат клетви.+
9 Јадам пепел како леб+
и својот пијалок го мешам со солзи+
10 поради твојата осуда и поради твојот гнев,+
зашто ме подигна за да ме отфрлиш.+
11 Моите денови се како сенка што исчезнува+
и јас се сушам како трева.+
12 А ти, Јехова, остануваш довека,+
и твојот спомен во сите поколенија.+
13 Ти ќе станеш, ќе му се смилуваш на Сион,+
зашто време е да му се укаже милост,
бидејќи дојде времето.+
14 Зашто, на твоите слуги им омилеа неговите камења,+
и по правот негов копнеат.+
15 Другите народи ќе се бојат од името на Јехова,+
и сите цареви на земјата од твојата слава.+
16 Зашто, Јехова ќе го изгради Сион,+
ќе се покаже во својата слава.+
17 Ќе обрне внимание на молитвата на оние што останаа без ништо,+
и нема да ја презре нивната молитва.+
18 Ова е напишано за идното поколение;+
и народот што ќе биде создаден ќе го фали Јах.+
19 Зашто, тој погледна од својата света височина,+
Јехова погледна од небесата на земјата+
20 за да ги чуе воздишките на заробеникот,+
за да ги ослободи оние што се одредени за смрт,+
21 за да се објави на Сион името на Јехова+
и во Ерусалим неговата фалба,+
22 кога ќе се соберат сите народи+
и царства за да му служат на Јехова.+
23 На половина од мојот пат ми ја одзеде силата,+
ми ги скрати деновите.+
24 Реков: „Боже мој,
не земај ме на половина од моите денови.+
Годините на твојот живот траат низ сите поколенија.+
25 Одамна ги положи темелите на земјата,+
и небесата се дело на твоите раце.+
26 Тие ќе исчезнат, а ти ќе останеш,+
и сето тоа ќе изветви како облека.+
Како алишта ќе ги замениш, и ќе им дојде крајот.+
27 А ти си истиот, и на твоите години им нема крај.+
28 Синовите на твоите слуги ќе останат да живеат на своето место;+
пред тебе ќе се зацврсти нивното потомство“.+