44 Зашто, јас сум Јехова, вашиот Бог.+ Посветете се и бидете свети,+ зашто јас сум свет.+ Затоа не валкајте ги своите души со ниту едно од животните што ги има на земјата во голем број.
6 Зашто, ти си свет народ пред Јехова, својот Бог.+ Тебе те избра Јехова, твојот Бог, меѓу сите народи што се на лицето на земјата за да бидеш негов народ, негова најмила сопственост.+
6 А вас ќе ве викаат свештеници на Јехова,+ ќе ве нарекуваат слуги+ на нашиот Бог. Вие ќе го јадете богатството на народите,+ ќе се гордеете со нивното благо.+
9 Но вие сте „избран род, царско свештенство, свет народ,+ народ кој е Божја сопственост,+ за да ги објавувате доблестите“+ на оној што ве повикал од темнината во својата прекрасна светлина.+