12 Јехова ќе ти ја отвори својата добра ризница, небото, за да ѝ дава дожд навреме на твојата земја+ и да го благослови секое дело на твоите раце.+ И ќе им даваш на заем на многу народи, а самиот нема да земаш на заем.+
23 А тој ќе даде дожд за твоето семе со кое ја засејуваш земјата,+ и ќе даде земјата да ти роди леб, хранлив леб, кој заситува.+ Во тој ден твојот добиток ќе пасе на пространо пасиште.+
23 И вие, синови на Сион, веселете се и радувајте му се на Јехова, вашиот Бог,+ бидејќи ќе ви даде есенски дожд во права мера+ и ќе излее врз вас дожд, дожд есенски и пролетен, како и порано.+
7 ‚Ви го скратив и дождот кога имаше уште три месеци до жетвата.+ Пуштив дожд на еден град, а на друг град не пуштив. На една нива паѓаше дожд, а нивата на која не пуштив дожд се исуши.+