6 И Јехова, твојот Бог, ќе ги обреже твоето срце+ и срцата на твоите потомци+ за да го сакаш Јехова, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и за да бидеш жив.+
4 Обрежете се заради Јехова, обрежете го своето срце,+ народе Јудин и жители ерусалимски, за да не дојде мојот гнев како оган и да не се разгори така, што никој не ќе може да го изгасне, поради вашите зли дела!“+
26 со Египет,+ и со Јуда,+ и со Едом,+ и со синовите на Амон,+ и со Моав,+ и со сите што ја потстрижуваат косата на слепоочниците и живеат во пустината,+ зашто сите тие се народи необрежани и целиот Израелов дом има необрежано срце.“+
7 Доведувавте туѓинци со необрежано срце и необрежано тело+ за да влегуваат во моето светилиште и да го сквернават мојот Дом, ја принесувавте мојата храна+ — лојот+ и крвта+ — и така беше раскинат сојузот со мене поради сите ваши гадости.+
51 Луѓе тврдоглави и со необрежани срца+ и уши! Вие секогаш му се спротивставувате на светиот дух — како што правеа вашите прататковци, така правите и вие.+
29 туку вистински Евреин е оној што е таков однатре+ и неговото обрежување е обрежување на срцето+ по дух, а не по пишан закон.+ Тој не добива пофалба+ од луѓето, туку од Бог.+