26 „Кажи им на левитите и речи им: ‚Од синовите на Израел ќе добивате десеттина која од нив ви ја давам вам во наследство,+ а вие потоа од тоа дајте му прилог на Јехова, десеттина од десеттината.+
6 Таму носете ги своите жртви паленици+ и другите свои жртви, своите десеттини,+ прилозите на своите раце,+ своите заветни жртви,+ своите доброволни жртви+ и првороденото од својата крупна и ситна стока.+
5 Кога се разгласи таа заповед, синовите на Израел+ почнаа да донесуваат големи количества првини од житото,+ од младото вино,+ од маслото,+ од медот+ и од сиот род од полето.+ Во изобилство донесуваа десеттина од сѐ.+
10 Донесете ги сите десеттини+ во складиштето, па да има храна во мојот дом,+ и испитајте ме во тоа, ве молам,“+ вели Јехова над војските, „зар нема да ви ги отворам небесните брани+ и да ви излеам благослов додека не биде доста?“+
42 Но тешко вам, фарисеи, бидејќи давате десеттина+ од нане и седефче и од секоја билка од градината, а не ви е грижа за правдата и љубовта кон Бог! Првото бевте должни да го правите, а другото да не го занемарите.+
5 Вистина, оние Левиеви синови,+ кои примаат свештеничка служба, имаат заповед според Законот да собираат десеттини+ од народот,+ односно од своите браќа, иако и тие потекнуваат од Авраам.*+