12 Затоа ќе му го дадам неговиот дел како и на мнозина,+ ќе дели плен со моќните,+ бидејќи ја излеа својата душа во смрт+ и беше вброен меѓу престапниците.+ Го понесе гревот на мнозина+ и посредуваше за престапниците.+
7 Преку него, со посредство на неговата крв,+ ослободени сме со откупнина, простени ни се престапите+ според богатството на неговата незаслужена доброта.+
28 така и Христос беше еднаш засекогаш+ принесен за да ги понесе гревовите на мнозина.+ А кога ќе се покаже+ по вторпат,+ тоа нема да биде за повторно да го отстрани гревот,+ а ќе го видат оние што желно го очекуваат за да добијат спасение.+
24 Тој во своето тело ги понесе нашите гревови+ на столбот,*+ за да ги оставиме гревовите+ и да живееме за праведноста. „Преку неговите рани сте излекувани.“+