5 А сега, ако го слушате верно+ мојот глас и ако го држите мојот сојуз,+ ќе ми бидете најмилата сопственост меѓу сите други народи,+ зашто е моја целата земја.+
16 По што ќе се знае дека јас и твојот народ сме нашле милост во твои очи? Зарем не по тоа што ти одиш со нас,+ па јас и твојот народ се разликуваме од сите други народи што се на лицето на земјата?“+
53 Зашто, ти ги одвои од сите народи на земјата за свое наследство,+ како што рече преку Мојсеј,+ својот слуга, кога ги изведе од Египет нашите прататковци, Севишен Господару Јехова!“
16 И како се сложува Божјиот храм со идолите?+ Зашто, ние сме храм+ на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе престојувам меѓу нив+ и ќе бидам меѓу нив, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат мој народ“.+
9 Но вие сте „избран род, царско свештенство, свет народ,+ народ кој е Божја сопственост,+ за да ги објавувате доблестите“+ на оној што ве повикал од темнината во својата прекрасна светлина.+